
Криновите најдобро успеваат на тресетни
почви и песокливи почви богати со хумус. Потешки почви може да се
користат, но тогаш мора да се преземат посебни агротехнички мерки за да
се зголеми пропусната моќ за вода. Постои можност на такви почви
цветната дршка да остане кратка.
Се препорачува за основното ѓубрење по
еден ар во горниот површински слој од 15 сантиметри да се внесе
прегорено арско ѓубре со малку слама. На тешките глинести почви се
додава тресет и минерални ѓубрива. Сето ова може добро да се измеша во
горниот слој на почвата. Времето на внесување на ѓубривото е 50% пред
садењето и 50% непосредно пред никнувањето.
Со цел да се добијат поздрави и
поцврсти дршки, потребно е 3-4 недели пред цветањето да се изврши
прихрана со лесно топливо азотно ѓубриво во доза 2-3 килограми на
површина од еден ар.

Луковиците на кринот се садат прилично длабоко. Во зимскиот период потребно е над луковиците да има шест
сантиметри земја. Кога тие се садат во летниот период, потребно е над
земјата да се стави слама за да се спречи прекумерно загревање. Добри
резултати се постигнуваат и со садење во саксии кои треба да бидат
високи најмалку 12 сантиметри со пречник 10 до 12 сантиметри.
Луковиците во саксиите треба да бидат покриени со земја во висина од
осум сантиметри и треба да се внимава на наводнувањето затоа што водата
побрзо испарува во саксии.
Наводнувањето започнува веднаш по
никнувањето на растенијата и се врши исклучително во утринските часови.
Влажноста на воздухот е битен фактор поради опасноста влажните делови
на растението да не се исушат затоа што тогаш постои опасност од
оштетување на нежните листови.
Режењето на цветовите треба да се
започне веднаш по појавувањето на бојата. Раното режење на цветовите
може да доведе до опасност од неотворање на цветовите.
No comments:
Post a Comment