Природното живеалиште на ова растение е во шумските предели на средна и јужна Америка и Нов Зеланд. Ги има околу 2000 видови, а основната поделба се врши според начинот на раст бидејќи има видови кои растат вертикално и може да пораснат во поголема грмушка, и видови чии гранчиња се меки, се свиткуваат и се идеални за садење во саксии кои висат. Имаат прекрасни цветови кои висат и се состојат од 4 латици кои ја формираат чашката од која растат латиците на цветот, а од нив извираат долгите прашници и толчникот. Цветовите може да бидат еднослојни, полуполни или полни, а комбинацијата на бои е безбројна.
Менѓушката сака влага, па внимавајте земјата никогаш да не се исуши целосно, а во летните горештини повремено оросете ја. Ако е насадена во саксија сместете ја во полусенка, додека ако е посадена во градината ќе го издржи и сонцето. Од март до октомври прихранувајте ја на секои 15 дена со ѓубриво за растенија кои цветаат.
Се размножува со резници во пролет или рано лето. Резниците, млади гранчиња без пупки долги 7-10 cm, се ставаат во земја на сенка и редовно се полеваат. Ќе се закоренат по три седмици. Младите растенија потребно е да се откинуваат по третиот пар листови за да бидат побујни и разгранети. Кога ќе пораснат нови гранчиња повторете го процесот на откинување уште неколку пати. Тоа го одложува времето на цветање, но вака се добиваат многу убави грмушки.
Ако е насадена во градината треба да биде подлабоко закопана. Околу 10 cm од гранчињата треба да бидат покриени со земја за да може во зима да се прекријат со суви листови и слама и да презимат. Во зима листовите ќе паднат, а на пролет, во март скратете ги гранчињата на околу 3 cm од земјата за да ги отстраните деловите кои се оштетени од мразот.
Менѓушките кои се насадени во саксија во зима треба да се чуваат во подрум или на некое слично место бидејќи не мора да имаат светлина. Ќе им паднат речиси сите листови, па треба да се скратат гранките се до дрвенестиот дел. Полевајте ги многу ретко, едвај еднаш на два месеци. На пролет изнесете ги надвор, пресадете ги, добро полејте со вода и прихранете ги.
Wednesday, December 5, 2012
Tuesday, December 4, 2012
Гарденија (лат. Gardenia jasminoides)
Гардениjата е прекрасно растение со бели цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директно пладневното сонце.
цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директноВо рана пролет одрежете ги младите изданоци, со што ќе го одржите убавиот грмолик облик.
Резниците може да ги користите за размножување. Забодете ги во земја и покријте ги со проѕирна пластична фолија, како би им било топло. Температурата нека биде 18°С, а земјата одржувајте ја влажна. Петнаесетина минути по залевањето истурете ја водата од подлошката. Фолијата отстранувајте ја секојдневно по десетина минути за не иструлат младите растенија. По три седмици гарденијата добро ќе закорени, и може да ја тргнете фолијата.
Младите растенија цутат многу пообилно, па ако имате среќа да ви успее одгледувањето на гарденијата, садете нови резници секоја пролет.
Каланхоа (лат. Kalanchoe)
Каланхоата е вистинското растение за сите оние љубители на цвеќиња кои немаат знаење за одгледување на растенија, и кои велат дека тоа не им оди од рака. Идеална е за сите заборавени и презафатени кои забораваат на растенијата во својот дом, бидејќи ако ја оставите жедна некој ден, таа сигурно нема да ви замери. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа. Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата. Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави. Никогаш не ги оросувајте листовите. Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа.Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата.Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави.Никогаш не ги оросувајте листовите.Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. таа сигурно нема да ви замери. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. |
Соланум, зимска цреша (lat.Solanum capsicastrum)
Ова растение се одгледува поради декоративните плодови, бобинки, кои се појавуваат во почетокот на есента и ја менуваат бојата од зелена, жолта, портокалова па до јарко црвена.
Соланумот може да го чувате надвор во полусенка, а кога ќе падне температурата внесете го внатре, но не во многу загреана просторија. Ако го чувате постојано внатре, тогаш чувајте го на светло место.
Во текот на пролетта и летото има потреба од многу вода, па затоа залевајте го секој втор ден ако е надвор, а во домот малку поретко. Во текот на зимата залевајте го еднаш седмично, за да му обезбедите период на мирување.
Оросувајте го често по листовите со млака вода, особено во периодот додека цвета, за да го зголемите бројот на плодови.
Во текот на пролетта и летото, додека растението интензивно расте, прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија што цутат.
Ако сакате да го сочувате за следната година, потребно е во пролет да го обрежете на половина од растот на растението. Стеблото ќе биде дрвенесто, и ќе има многу помалку цветови и плодови, па затоа се препорачува секоја година да се обнови од семе. Во март посадете ги црвените семки. Расфрлајте ги по компостот, покријте ги со тенок слој земја, полејте ги со вода, и покријте ги со темна крпа или фолија. Треба да бидат на темно додека не изникнат, а тогаш ставете ги на светло место. Температурата не би требало да биде пониска од 18°С. Кога младите растенија ќе имаат по неколку листови, насадете ги поединечно.
За да постигнете грмушкаст изглед, потребно е додека е младо да го пинцирате, односно со прсти да ги кинете врвовите на растението.

Прихрана на растенијата
Храната е еден од основните предуслови кој треба да им се овозможи на растенијата за да бидат украсни во вистинска смисла на зборот.
По купувањето на растението, земјата во садот содржи доволни залихи на хранливи материи, но тие многу брзо се трошат. Затоа треба да се прихранува.
Потребите на растенијата од ова поднебје се различни. Растенијата кои брзо и силно растат побаруваат почеста прихрана од оние кои побавно се развиваат, особено ако подолго време расте во ист сад.
Средства за прихранување се течните хранливи материи кои се додаваат во водата за полевање. Тие ги содржат сите хранливи материи кои се неопходни за живот на растението. Најважни хранливи материи во прихраната на растенијата се:
Водород
Го забрзува растот на листовите и гранчињата. Премалку водород во храната доведува до заостанување во растењето. Резултат на тоа се жолти листови и слаби гранчиња. Премногу водород предизвикува прекумерен раст на листовите. Ткивото на растенијата е сунѓересто, неотпорно на надворешни влијанија, подложно на болести и напад од штетници.
Фосфор
Фосфорот е многу важен за создавање на пупки кај цветниците. Освен тоа, поволно делува на способноста за ‘ртење на семето и закоренување на резниците. Недостатокот на фосфор се јавува и кај собните растенија.
Калиум
Калиумот на растенијата им е неопходен за размена на материите. Ја зголемува способноста за асимилација на хлорофилот и отпорноста на растенијата на суша. За негов недостаток укажуваат смеѓите рабови на листовите. Сепак кај собните растенија поретко доаѓа до недостаток на калиум во исхраната.
Магнезиум
Магнезиумот е делумно одговорен за создавање на лисното зеленило. Недостатокот на магнезиум во земјата резултира со болни промени на рабовите на листовите. Кај постарите растенија листовите опаѓаат. Растенијата редовно се прихрануваат во тек на целиот период на растење. Ова важи за најголемиот број на растенија со цветови и листови. Прихранувањето почнува во март и продолжува во тек на целото лето, па се до почетокот на октомври.
На растенијата кои растат на добро осветлено место потребно им е многу повеќе храна од оние кои растат на засенето место. Со разни истражувања докажано е дека растенијата поставени на прозорци кои се свртени кон југ, каде има повеќе светлина и топлина, им треба три до четири пати повеќе храна од оние кои се на северно ориентирани прозорци.
Од крајот на октомври до почетокот на март најголемиот број на растенија се наоѓа во фаза на зимско мирување. Во ова време во потполност се прекинува со прихранување.
Куќна среќа (lat. Soleirolia soleirolii, Helxine soleirolii)
Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо.
Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ни превисока температура на воздухот, така да веројатно нема да опстане во многу загреани простории.
Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите.
Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија.
Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад.
Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување. Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот.

Хризантема (lat. Chrysanthemum)
Хризантемата потекнува од Кина, каде многу е ценета и се смета за симбол за долг живот. Во Јапонија е национален цвет, па по тој повод имаат и Ден на хризантемата кој се слави на 9 септември.
За одгледување на преубавите примероци на хризантема во облик на грмушкаста топка потребно е многу знаење и умешност. Но постојат видови кои без проблем може да се одгледуваат на балконот или во градината.
Хризантемата има околу 7000 различни видови, а основната поделба е на видови кои почнуваат да цветаат во средина на летото, и видови кои цветаат во есен. Има и поделба по големината и видот на цветот.
Хризантемите се садат на сончево место на раздалеченост од 30-50 cm и тоа закоренета резница или младо растение кое изникнало покрај матичното. Најдобро е да ги посадите во средината на април. Ако садите хризантема која расте високо, веднаш ставете стапче покрај неа за да и служи како потпора кога ќе расте. Кога ќе се закорени младото растение потребно е да се откине мекиот врв за да се постигне грмушкаст облик.
Во текот на летото полевајте ги редовно, тие треба постојано да бидат влажни.
Во доцна есен кога ќе прецветаат и ќе паднат температурите, одрежете го стебленцето на околу 15 cm. Покријте ги со слама и листови за да може без проблем да ги преживеат ниските зимски температури.
Има потреба од многу влага, па не дозволувајте земјата целосно да се осуши бидејќи листовите прво ќе омлитават, па ќе пожолтат. Прихранувајте го на секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

Божиќна ѕвезда (лт. Euphorbia pulcherrima)
Ова растение е карактеристично за периодот околу новогодишните и божиќните празници. Се сретнува во црвена, розова, беж и бела боја.
Најдобро е да ја чувате во просторија каде е влажен воздухот. Таа исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Може и да ставите камчиња во подлошката, како би ја заштитиле од вишокот вода. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ја еднаш дневно за да не ги загуби листовите.
Ако успеете да ја сочувате до пролет, одрежете и ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен.
За да врвовите повторно се обојат за следната сезона, потребно е да и овозможите краток ден. Тоа значи дека 10 седмици не смее да има повеќе од 10 часа светлина дневно, што е навистина прекомплицирано. Поедноставно е да купите нова, одгледана во стакленик.
Кога ќе купувате нова божиќна ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат.
Нега на болното саксиско цвеќе
Нега на болното саксиско цвеќе Често се случува растението во саксијата да заболи, а вистинската причина за тоа да не може веднаш да се открие. Праксата покажала дека најчеста причина за појава на болест кај цвеќињата е нестручно одгледување и недоволна грижа. Добро одгледуваните растенијата, кои живеат под поволни услови и бујно растат, могу повеќе се отпорни на болести и штетници. Вистинската причина за болеста честопати е тешко да се утврди, иако јасно се забележува дека растението е болно. Најчеста причина претставува недоволното полевање, или полевање со “тврда” вода во која има голем процент на варовник, како и полевање со студена вода. Прекумерното и недоволното полевање подеднакво му штети на растението; и едното и другото најчесто предизвикуваат жолтица и опаѓање на листовите. Исто така, болест се јавува и поради истрошеност на земјата, т.е. кога растението подолго време не е пресадено, односно кога не се прихранува, како и поради преголем студ и големи промени на температурата. Надворешните знаци за болест на растението понекогаш можат да се забележат дури кога болеста е стадиум кога само со итна мерки може да го спаси. Пред да сè појават надворешните симптоми на болест, растението се наоѓа во болна фаза која се карактеризира со неправилности во примањето и преработка на хранливите материи. Растението во оваа фаза е многу чувствително, односно ја губи природната отпорност и многу лесно го совладува болест. Штом се забележат и најмалите знаци на заболување кај растението, треба да му се посвети поголема грижа и нега. Полевањето треба да биде внимателно и умерено, бидејќи растението не може да го искористи истото количеството на вода кое би го користело кога би било здраво. Во спротивно може да дојде до трулење на коренот, а со тоа и до влошување на болеста. Често е потребно болното растение да се пресади во свежа земја, но и тука треба да се постапува внимателно, бидејќи многу растенија кога се болни не поднесуваат пресадување во нова земја. Растението задолжително се пресадува кога болува од трулење на коренот или во случај кога земјата е толку лоша и исцрпена што во неа не би можело да оздрави и закрепне. При пресадувањето треба да се прегледаат жиличките и да се одсечат сите трули и изумрени делови. После ова растението треба да се стави во помала саксија во која ќе има што е можно полесна, односно попорозна земја измешана со песок. Така пресаденото растение се полева и се остава на топло и доволно осветлено место близу до прозорецот (но да биде заштитено од силно сонце). Тоа не смее да се става на темно место. Доволно светлина, изедначена топлина, свеж воздух и умерено поливање се главни услови за постепено оздравување на растението. |
Азалеа (lat. Azalea Indica)
Азалеата е растение со кожнати листови и многу цветови. Ја има во бела и сите нијанси на розова и црвена боја.
Цути цела зима, па се до средина на пролетта. Ако ја одгледувате во услови кои и одговараат, ќе биде прекрасна. Ставете ја на светло место, но не на директно сонце. Не и одговараат простории кои се многу затоплени, па веројатно нема да може да ја чувате во простории со централно греење.
Сака влага и секојдневно оросување на листовите, најдобро со дождовница. Залевајте ја барем два пати седмично. Најдобро е да ја пипнете земјата, за да се уверите дека е доволно влажна. Добро е да ставите камчиња во подлошката за да и овозможите доволно влага.
За да го продолжите времето на цутење, редовно отстранувајте ги овенатите цветови. Додека цути прихранувајте ја секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Во доцна пролет, кога ќе престане да цвета, треба да ја изнесете надвор. Најдобро би било да ја закопате во сеновитиот дел од градината, заедно со саксијата. Ако немате градина, ставете ја на балконот. Ако е топло летото, без дождови, полевајте ја секој втор ден.
Во септември ќе треба да ја внесете внатре. Ископајте ја од градината, пресадете ја во нова земја, ако е потребно во еден број поголема саксија (само ако излегуваат коренчињата од саксијата). Отстранете ги овенатите листови и одрежете ги косо гранчињата кои стрчат до цветната пупка или изданокот. Потоа ставете ја на нејзиното место покрај прозорецот.

Subscribe to:
Posts (Atom)