Каланхоата е вистинското растение за сите оние љубители на цвеќиња кои немаат знаење за одгледување на растенија, и кои велат дека тоа не им оди од рака. Идеална е за сите заборавени и презафатени кои забораваат на растенијата во својот дом, бидејќи ако ја оставите жедна некој ден, таа сигурно нема да ви замери. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа. Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата. Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави. Никогаш не ги оросувајте листовите. Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа.Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата.Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави.Никогаш не ги оросувајте листовите.Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. таа сигурно нема да ви замери. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. |
Tuesday, December 4, 2012
Каланхоа (лат. Kalanchoe)
Labels:
Собни растенија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment