Tuesday, December 4, 2012
Гарденија (лат. Gardenia jasminoides)
Гардениjата е прекрасно растение со бели цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директно пладневното сонце.
цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директноВо рана пролет одрежете ги младите изданоци, со што ќе го одржите убавиот грмолик облик.
Резниците може да ги користите за размножување. Забодете ги во земја и покријте ги со проѕирна пластична фолија, како би им било топло. Температурата нека биде 18°С, а земјата одржувајте ја влажна. Петнаесетина минути по залевањето истурете ја водата од подлошката. Фолијата отстранувајте ја секојдневно по десетина минути за не иструлат младите растенија. По три седмици гарденијата добро ќе закорени, и може да ја тргнете фолијата.
Младите растенија цутат многу пообилно, па ако имате среќа да ви успее одгледувањето на гарденијата, садете нови резници секоја пролет.
Labels:
Собни растенија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како го добив мојот заем од г-дин Бенџамин кој ми помогна со заем од 400.000,00 евра да го подобрам мојот бизнис. Беше лесно и брзо кога аплицирав за заемот кога работите беа груби со мојот бизнис . Г-дин Бенџамин ми даде заем без одлагање. Еве ја е-поштата на г-дин Бенџамин/ 247officedept@gmail.com.
ReplyDelete