Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо.
Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ни превисока температура на воздухот, така да веројатно нема да опстане во многу загреани простории.
Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите.
Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија.
Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад.
Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување. Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот.
No comments:
Post a Comment