Tuesday, December 4, 2012

Прихрана на растенијата


Храната е еден од основните предуслови кој треба да им се овозможи на растенијата за да бидат украсни во вистинска смисла на зборот.
По купувањето на растението, земјата во садот содржи доволни залихи на хранливи материи, но тие многу брзо се трошат. Затоа треба да се прихранува.
Потребите на растенијата од ова поднебје се различни. Растенијата кои брзо и силно растат побаруваат почеста прихрана од оние кои побавно се развиваат, особено ако подолго време расте во ист сад.
Средства за прихранување се течните хранливи материи кои се додаваат во водата за полевање. Тие ги содржат сите хранливи материи кои се неопходни за живот на растението. Најважни хранливи материи во прихраната на растенијата се:
Водород
Го забрзува растот на листовите и гранчињата. Премалку водород во храната доведува до заостанување во растењето. Резултат на тоа се жолти листови и слаби гранчиња. Премногу водород предизвикува прекумерен раст на листовите. Ткивото на растенијата е сунѓересто, неотпорно на надворешни влијанија, подложно на болести и напад од штетници.
Фосфор
Фосфорот е многу важен за создавање на пупки кај цветниците. Освен тоа, поволно делува на способноста за ‘ртење на семето и закоренување на резниците. Недостатокот на фосфор се јавува и кај собните растенија.
Калиум
Калиумот на растенијата им е неопходен за размена на материите. Ја зголемува способноста за асимилација на хлорофилот и отпорноста на растенијата на суша. За негов недостаток укажуваат смеѓите рабови на листовите. Сепак кај собните растенија поретко доаѓа до недостаток на калиум во исхраната.
Магнезиум
Магнезиумот е делумно одговорен за создавање на лисното зеленило. Недостатокот на магнезиум во земјата резултира со болни промени на рабовите на листовите. Кај постарите растенија листовите опаѓаат. Растенијата редовно се прихрануваат во тек на целиот период на растење. Ова важи за најголемиот број на растенија со цветови и листови. Прихранувањето почнува во март и продолжува во тек на целото лето, па се до почетокот на октомври.
На растенијата кои растат на добро осветлено место потребно им е многу повеќе храна од оние кои растат на засенето место. Со разни истражувања докажано е дека растенијата поставени на прозорци кои се свртени кон југ, каде има повеќе светлина и топлина, им треба три до четири пати повеќе храна од оние кои се на северно ориентирани прозорци.
Од крајот на октомври до почетокот на март најголемиот број на растенија се наоѓа во фаза на зимско мирување. Во ова време во потполност се прекинува со прихранување.

No comments:

Post a Comment