Tuesday, December 4, 2012
Божиќна ѕвезда (лт. Euphorbia pulcherrima)
Ова растение е карактеристично за периодот околу новогодишните и божиќните празници. Се сретнува во црвена, розова, беж и бела боја.
Најдобро е да ја чувате во просторија каде е влажен воздухот. Таа исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Може и да ставите камчиња во подлошката, како би ја заштитиле од вишокот вода. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ја еднаш дневно за да не ги загуби листовите.
Ако успеете да ја сочувате до пролет, одрежете и ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен.
За да врвовите повторно се обојат за следната сезона, потребно е да и овозможите краток ден. Тоа значи дека 10 седмици не смее да има повеќе од 10 часа светлина дневно, што е навистина прекомплицирано. Поедноставно е да купите нова, одгледана во стакленик.
Кога ќе купувате нова божиќна ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат.
Labels:
Собни растенија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment