Friday, November 30, 2012

Сместување на цвеќето во домот

Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови за нормален живот и развој, односно на места каде ќе имаат соодветна светлина, топлина, влага и воздух. При тоа треба да се знае декаодредени растенија меѓу себе се разликуваат во потребите, а особено во однос на светлината како фактор. На некои им треба повеќе светлина, додека други успеваат дури кога малку ќе бидат заштитени од директната изложеност на сончева светлина. Повеќе светлина им е потребно на растенијата со побујно растење и со нежни листови како што се африканските љубичици, азалеите, цикламите, глосиниите, пеларгониите, примулите и др. Сепак и овие растенија мора да бидат заштитени од силното сонце. Растенијата кои имаат големо, цврсто и кожасто лице, како што се аспидистрите, драцените, филадендроните и палмите – се задоволуваат со нешто помалку светло, така да успеваат и во близина на прозорецот, а сансеверијата успева дури и во позасенетиот дел од собата. 

Без разлика каде е растението сместено, треба со лицето да биде свртено кон онаа страна од која доаѓа најмногу светлина. Џбунестите растенија, кај кои листовите околу стеблото се рамномерно распоредени, треба секојдневно да се свртат за да и другата страна биде свртена кон сонцето.

Растенијата во саксиите се сместуваат во собата на самите прозорци или на разни сталаци, кои најчесто се изработуваат од ковано железо.

Исклучително убаво може да се украсат прозорците кои не се отвораат секој ден, особено ако се пошироки. Тука од страна можат да се направат помали полици, висечки корпички направени од тенки летви и сл.
 

Јаглика (lat. Primula)

Ова е голем род на растенија кои цветаат во рана пролет. Некои од нив може да ги чувате дома, а некои во градината или на балкон. Имаат зелени, набрани листови кои се густо собрани, а од средината излегуваат стебленца со по еден голем или повеќе ситни цветови во зависност од видот.


Најчесто се сретнува Primula vulgaris која може да се најде во сите бои. Кога ќе ја купувате внимавајте да има здрави зелени листови без кафени дамки и многу цветни пупки.

Ако го чувате внатре не смее да биде во многу топла просторија бидејќи кратко ќе цвета или едноставно ќе овене. Потребно му е многу светлина и влага. Овенатите цветови искинете ги заедно со стебленцето со што ќе го продолжите времето на цветање.

Кога ќе престане да цвета, може да го посадите во градината па ќе ве израдува следната пролет кога ќе процвета. Ако го чувате во саксија на балконот, нека не биде на директно пладневно сонце, овозможете му доволно влага и прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија кои цветаат на секои две седмици. Во саксијата тешко ќе презими и ќе ја дочека пролетта, но во градината ќе успее да ја дочека пролетта, особено ако го покриете со суви листови и гранчиња пред да дојдат студените зимски денови. 




Thursday, November 29, 2012

Африканска Тратинчица и Кинески Каранфил


        Едногодишните ниски растенија најубаво цветаат доколку им одберете место кое највеќе му одговара.
Претежно потекнуваат од топлите земји со блага клима. Затоа најдобро растат во градината на топли и сончеви места.
Садниците на летните цвеќиња можете да ги одгледувате сами.
Со одгледување е потребно да отпочнете рано на пролет. Тогаш направете план каде ќе ги посадите така што градината ќе биде хармонична, занимлива и ќе добие полно бои.
Африканска тратинчицамешавина (Dimorphotheca aurantiaca) (фото 1) - Има потреба од сончеви позиции, плодна и пропустлива земја, Убава е за жардињери, контејнери и букети. Се сее март-мај. Цвета мај-октомври.
Кинсеки каранфил - мешавина (Dianthus chinensis) - Ова е едногодишно растение кое украсува жардињери, контејнери и букети. Сака сонце и помалку варовничка земја. Со нив во градината добивата шарен тепих во црвена, ружичеста и бела боја. Се сее февруар-април. Цвета јули-септември

Гладиола – Трајни и разнобојни цветови

Одгледувачите на гладиоли велат дека ова цвеќе го негуваат со посебна љубов, бидејќи цветовите се режат, ги има во разни бои и се многутрајни.
Развојот на цветниот дел на гладиолата почнува дури по садењето. Висината на температурата и интензитетот на светлината за време на поникнување битно влијаат на развојот на надземниот дел, а подоцна и на цветањето. Колку помалку светлина добива младото растение во јануари и февруари, послабо ќе поднесува високи температури во стаклениците. Постои голема опасност цветните дршки потполно или делумно да се засушат на повисока температура. Меѓутоа, колку се деновите подолги, а светлината поинтензивна (април-мај) и отпорноста на штотуку развиените цветни дршки сразмерно се зголемува.
Гладиолите можат да се одгледуват и на отворени површини и во ладни и загреани стакленици. Во зависност од периодот помеѓу садењето и цветањето, гладиолите ги делиме на рано цветни и доцно цветни.

ПОЧВА

Сите почви со добра структура се погодни за одгледување гладиоли. Структурата на тешките почви може да се поправи со внесување органска материја, на пример, компост или тресет за време на обаработката на почвата. За таа цел не смее да се користи свежо шталско ѓубре затоа што може да предизвика изгореници на жилите.
Создавањето на покорицата може да се спречи со покривање на почвата по садењетоgladioli2 на луковиците со тенок слој тресет.
Доколку почвата содржи доволно хранливи материи, не треба да се ѓубри пред садење. Меѓутоа, доколку растенијата слабо растат, потребно е ѓубрење со мешани ѓубрива. Во текот одгледувањето почвата постојано мора да биде влажна.

КЛИМА ВО СТАКЛЕНИКОТ

Треба да се придржуваме кон пропишаните температури. При повисоки температури постои поголема опасност од сушење на цветните пупки. Во мај и јуни во стакленикот е дозволено температура повисока од 17 степени затоа што во тоа време има доволно светлина за развој на цветни пупки.
Доколку кај крупноцветните гладиоли ги отстраниме бочните изданоци, можеме да очекуваме голема и квалитетна цветна пупка. Меѓутоа, ако не ги отстраниме бочните изданоци, ќе имаме повеќе цветни дршки со слаб квалитет.

ШТЕТНИЦИ

Trips /Thaenotrips gladioli/ предизвикува светли и сјајни дамки на цветовите и листовите.

РЕЖЕЊЕ НА ЦВЕТОВИТЕ

Цветовите се режат кога најдолната пупка ќе почне да се отвора. Доколку цветовите се режат порано, горните пупки нема да се отворат. Меѓутоа, ако се режат расцветани, цветовите за време на бербата и транспортот ќе бидат значително оштетени.

Хибискус (Hibiscus)

         Хибискусot (Hibiscus) е род со познати над 200 вида, дел од семејство Слезови (Malvaceae). Најраспространетите видови од овој род се кинеската и суданската роза.
Повеќето растенија потекнуваат од Азија, но некои растат и во Африка како диво растение.
Во Индија белиот хибискус се користи како лековито растение, а во Централноафриканските земји за производство на сокови.
Сириската роза e национално цвеќе на Јужна Кореја, а кинеската роза - на Малезија. Кинеската роза цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри височина во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Хибискусот е одличен пример за собно растение. Неговите цветови во принцип траат само еден ден - два, но со добро одлгедување можат да цветаат од пролет до есен.
Хибискусот има голем број на сорти, кои цветаат во бело, жолта, портокалова, розова или црвена боја. Егзотичните бои на хибискус се нарекуваат "цветови на љубовта" и тие се симбол на Хаити, а во Индија ги користат во свадбените церемонии. Уште на почетокот на XVIII век хибискусот бил пренесен од Кина каде красат многу ботанички градини во Европа. Има тврдења за кои се вели дека хибискусот се среќавал уште во XVI век во Италија. За нејзино одгледување е потребно да не биде директно изложена на сонце и на ветер. Цвета во текот на летото со преубави бои. Почвата каде е засадено ова растение треба да биде отцедлива, со добра дренажа. Расте добро дури и во градски услови. Најчесто одгледувани се:
- хибискус сириски (H. syriacus) е листопадно дрво, што често расте во форма на грмушка. Го викаат уште и дрво ружа, честа во нашите паркови и дворови. Го сметаат за национално цвеќе на Јужна Кореја. Тоа може да живее до 100 години. Се користи за уредување на паркови, алеи, ѕидови, огради. Расте бавно, цвета по 3-4-годишна возраст. Издржува кратковремени намалувања на температурата до минус 22 степени. Лесно поднесува пресадување, а се размножува со резници, семиња. Ова растение е доста издржливо и не се плаши од болести и инсекти. Поради бесмртниот корен што го има на Јужнокорејците им претставува симбол за бесмртната природа на Кореја, инспирација, решителноста и упорноста на корејскиот народ. Затоа го сметаат за цвет на Јужна Кореја.

- хибискус сабдарифа (H. sabdariffa) (слика 2) е уште познат со трговските имиња: коноп Розела, Сиамска јута, јута од Јава. Тоа е истата онаа судански роза, од која се прави чајот каркаде. Листовите, стеблата и чашките на растенијата имаат црвеникава боја. Свежите листови се користат во салати, а семето се печење и се користи во супа и слатки. Откако прецвета чашката започнува да расте и да се зголемува 5-6 пати и да станува сочна и месест. Може да се собираат чашките заедно со зрелите плодови. Свежите се користат за желе, се подготвуваат од нив сосови, компост, се користат за боење на проѕирните овошни конзерви, како на пример од ананасот.

- хибискус коноп - (Hibiscus cannabinus) е вид хибискус, кој потекнува веројатно од јужна Азија, иако вистинската неговата татковина е непозната. Познат е под многу имиња како што се коноп од Гамбија (Gambo hemp), сиамска јута, kеnaf, јута од Бимли (Bimlipatam jute), коноп од Амбари и др. Ова е едногодишно или двегодишно тревесто растение што расте на висина од 1,5 до 3,5 метри, а стеблото му е 1-2 см во дијаметар, и не е секогаш разгранет. Историјата на неговото одгледување е многу долга, поради растителните влакна, кои се добиваат од сувите стебла и успешно се добиваат коноп, јажиња, хартија. Од овој вид коноп се прават и вреќи за кафе. Од семето му се извлекуваат технички масла. Најмногу се одгледува во Индија, Кина, Бразил, САД, Узбекистан.

- Хибискус кинески - (H. rosa-sinensis) (слика 3) расте во Источна Азија и на островите во Тихиот Океан. Тоа е добро познатата и сакана собна кинеска роза. Се смета за национален цвет на Малезија. Неговите пет листови ги симболизираат петте заповеди на исламот. Ова е голема грмушка со раскошна круна и е многу погодна за обликување на пространи простории, зимски градини, канцеларии. И кај нас кинеската роза е едно од омилените и дистрибуирани собни растенија. Може да достигне висина дури до 2-3 метри. Цвета во текот на летото во текот на неколку месеци. Најмногу обилно и долготрајно цвета и се развива, доколку и се обезбеди силна светлина, топлина, умерена воздушна влажност и постојано влажна почва. Не поднесува сепак директна сончева светлина.

Хибискусот издржува и на сенка, но при недоволна светлина цвета малку и се развива полошо. Оптималната температура за зимскиот период е околу 15 ° С. Во текот на зимата просечната температура треба да биде минимум 13 степени. Не треба да биде изложено на директна сончева светлина. Почвата треба да биде влажна цело време. Во текот на зимата наводнувањето може да се намали. Често бара да и се прскаат листовите. Пресадувањето може да се врши во рана пролет, секоја година. Хибискус дава прекрасна атмосфера и на градината. Задолжително вметнете саксијата дома, пред да паднат првите мразеви
Се размножува во месец мај, преку резници на температура 20-25 степени. Може да се ѓубри на две недели во текот на летото со минерални и органски ѓубрива. Ви зимскиот период ако е на ладно не се ѓубри, но ако е на топло еднаш во месецот. Евентуални штетници се лисните вошки и грини. Доколку забележите опаѓање на листовите најчеста причина е студот, премногу сувата земја во текот на листовите најчеста причина е студот, премногу сувата земја во текот на летото.

Одгледување на хризантеми

Помеѓу убавите и раскошни цвеќиња се вбројуваат и хризантемите, кои можат да бидат едногодишни или повеќегодишни растенија. До денес се познати околу 200 вида на хризантеми од кои само неколку се употребуваат за производство на режан цвет и како саксиско цвеќе.
Едногодишните видови (Chrysanthemum-leucantheum, Chrysanthemum carinatum) и некои повеќегодишни хризантеми ((Chrysanthemum maximum) се користат за садење на јавни површини и во домашни градини. Крупноцветните форми традиционално се користат за производство на режан цвет.
Најновите статистички податоци покажуваат дека хризантемата во последните години е примарна цветна култура поради исклучително декоративните цветови и бои и усовршената технологија која овозможува темпирано производство на повеќе реколти во текот на годината.
Температура за хризантемата
Растот на хризантемата започнува на температура од 2 до 6 Целзиусови степени, пуштањето жили на резниците од 15 до 16 степени, а формирањето на цветните пупки од 12 до 13 степени. Растенијата можат да поднесат краткотрајно студено време од -3hrizantemi2 Целзиусови степени, додека цветните пупки страдаат при температура од 0 степени. Матичните растенија се чуваат во зимскиот период при температура од 4-6 степени, кога поминува неопходниот стадиум на јаровизација.
Ситните сорти (видови) подобро ги поднесуваат ниските температури за разлика од крупноцветните. Оптимална температура за пуштањето жили на резниците за раст, формирање и развој на цветните пупки е од 16 до 18 Целзиусови степени, а за отворање на цветните пупки и цветање е неопходна ниска температура, од 10-12 степени.
Хризантемата е растение на краток ден, но со големена потреба за интензивно осветлување.
Вегетативен раст
Вегетативниот раст на хризантемата поминува во период на долг ден (подолг од 14 часа, кај нас тоа е од 22.04 - 22.08), додека има сорти кои цветаат и при краток ден односно долгиот темен период. Вегетативниот раст се одвива при интензитет на светлина кој се движи од 6.500-8.000 луксови што за наши услови зрачи можност за успешен раст и во текот на зимата.
Посебно големи потреби за интензивно осветлување имаат раните и среднораните сорти. Тоа што хризантемата добро реагира на интензитетот и должината на осветлувањето дава основа за интензивно производство во текот на целата година.
Наводнување
Потребите за вода зависат од интензитетот на осветлувањето. При одгледувањето на hrizantemi3хризантемата во стакленик во услови на јако облачно време дневно е потребно од 0,70 л/м2, а при јасен сончев ден дури 5,1 л/м2 вода. Во заштитен простор можна е висока концентрација на соли во земјата на што коренот на хризантемата е доста осетлив. Во такви услови наводнувањето овозможува разредување на концентрацијата на земјениот раствор, а тоа е подобро и за растот на растението. Во услови на висока влажност на воздухот листовите на хризантемата ја примаат водата и затоа за неа е подобро наводнување со вештачки дожд за разлика од класичното наводнување на почвата.
При одгледување на хризантемата, исто така, треба да се води сметка за влажноста на земјата бидејќи со секое големо намалување на влагата на земјата се намалува и транспирацијата. За наводнување треба да се користат меки води, а не се препорачува хлорирана вода.
Влијанието на средината
Добрата природна циркулација на воздухот е услов за успешно одгледување на хризантемата посебно во време на вкоренување и пресадување. Хризантемата не поднесува високо ниво на потпочвени води.
Хризантемата, посебно крупноцветните видови, страдаат од јаки ветрови, додека сите сорти се многу осетливи на загаден воздух (од индустријата и интензивниот сообраќај). За хризантемата е нај добра средно тешка, структурна почва, со висока содржина на хумус, рН=6,2-6,5.
Ѓубрење
Без оглед на тоа каде се одгледува хризантемата, потребно е да има добар однос помеѓу органските и минералните ѓубрива, доволно воздух, вода и добра микробиолошка активност во почвата што овозможува добра исхрана на растението. Хризантемата бара нитратна форма на азот којашто е неопходна за вегетативниот раст на растенијата, калиум за зголемување на отпорноста на стрес и полегнување и убав цвет, а фосфорот за добивање на цврсти цветови и јак коренов систем. Хризантемата бара магнезиум, манган, бор, бакар, молибден и цинк.

Роза - кралица на цвеќето


За да ви успее розата, треба да обезбедите многу сонце и најважно од се' - да не ја мешате со другите цвеќиња и растенија
Поради прекрасните цветови, градинарите и поетите уште од римско време ја почитуваат и ја опејуваат розата. Розите се приспособливи растенија што растат во сите делови од светот, а нивниот род опфаќа многу облици на цветови. Нивната фамилијата нуди голема разновидност од бои, облици и миризби на цветовите - од дивите- скромни во цутењето ама раскошни во миризбата, до пастелната убавина на градинарските рози и модерните хибриди. Малку растенија имаат толкава разновидност во хабитусот, висината, листовите и формите. И сеедно како ги одгледувате, поединечно или во правилно уредена градина, розите во себе ја имаат убавината на класиката.

Во однос на видовите, има над стотина диви, ботанички рози, а сите 13 000 култивирани што можат да се купат или да се одгледуваат потекнуваат од нив.

Старински (градинарски) рози се во огромен број и тие се делат на две групи.

Во првата група се од европско потекло и тука спаѓаат розите: „алба“ (бели), „центифолија“, „дамаскински“, „галика“, „мовлести“, „шкотски“ и рози со миризливи листови.

Во втората група спаѓаат хибриди создадени од источните и европските рози. Тие цутат во лето и есен, а во оваа група се бурбонски, рози бурсо, конусна рози, хибридни мошусни, портландски,чаевки...

Розите непрекинато се развиваат, категориите или класите што ги измислиле нивните љубители се менуваат и нив треба да ги сметаме за практични патокази, а не за крути дефиниции. Оваа поделба е направена врз препораките на здруженијата “The World Federation of Rose Societes“.

Најомилен начин за одгледување на рози е во градина, која ја истакува нивната раскош во леите. Најдобро е тие да не се мешаат со други растенија.

На розите треба да им го погодите местото - да има многу сонце, да се заштитени од студени ветрови, со добро струење на воздухот и со хранлива почва. Розите слабо успеваат во длабока сенка, под дрвја, кога растат во густ насад со други растенија или во почва натопена со вода. За нив предноста ја има земјата што ја задржува водата, но таа сепак се цеди. Внимавајте, при подготовка за садење на розите треба да го извадите сиот плевел за да не мора да се бори за светлост, влага и хранливи материи. Чест проблем на розите се вошките, црните дамки, изумирање на фиданките. Најдобро е да ги прскате превентивно и редовно да ги прегледувате.

Одгледување на кринови

krin2Криновите се повеќе се одгледуваат кај нас. Тие бараат многу светлина и тоа е услов за квалитетни цветови. Многу е важно да се внимава на температурата затоа што и таа е битна за правилен развој на пупките. Цветните дршки на криновите ќе бидат пократки доколку деновите се подолги, а садењето е подоцно.
Криновите најдобро успеваат на тресетни почви и песокливи почви богати со хумус. Потешки почви може да се користат, но тогаш мора да се преземат посебни агротехнички мерки за да се зголеми пропусната моќ за вода. Постои можност на такви почви цветната дршка да остане кратка.
Се препорачува за основното ѓубрење по еден ар во горниот површински слој од 15 сантиметри да се внесе прегорено арско ѓубре со малку слама. На тешките глинести почви се додава тресет и минерални ѓубрива. Сето ова може добро да се измеша во горниот слој на почвата. Времето на внесување на ѓубривото е 50% пред садењето и 50% непосредно пред никнувањето.
Со цел да се добијат поздрави и поцврсти дршки, потребно е 3-4 недели пред цветањето да се изврши прихрана со лесно топливо азотно ѓубриво во доза 2-3 килограми на површина од еден ар.
Доколку на исто земјиште во пластеникот повеќе години се одгледуваат кринови, неопходно е пред почетокот на производството да се стерилизира почвата со пареа. Кореновиот систем на кринот не смее да биде во вода, а нивото на подземна вода треба да биде најмалку 40 сантиметри под површината на земјата. Во случај на повисоки подземни води, кринот се одгледува на подигнати леи. Најдобри резултати се постигнуваат доколку веднаш се засадат луковиците кои се чуваат во ладилници каде што температурата е 2 Целзиусови степени. Криновите се садат во леи во стакленик или пластеник. Најдобро е ширината на леите да биде еден метар, а помеѓу нив да се остави патека во широчина од половина метар. Густината на садење зависи од големината на луковиците. При подоцно садење се препорачува погусто садење.
Луковиците на кринот се садат прилично длабоко. Во зимскиот период потребно е над луковиците да има шест сантиметри земја. Кога тие се садат во летниот период, потребно е над земјата да се стави слама за да се спречи прекумерно загревање. Добри резултати се постигнуваат и со садење во саксии кои треба да бидат високи најмалку 12 сантиметри со пречник 10 до 12 сантиметри. Луковиците во саксиите треба да бидат покриени со земја во висина од осум сантиметри и треба да се внимава на наводнувањето затоа што водата побрзо испарува во саксии.
Наводнувањето започнува веднаш по никнувањето на растенијата и се врши исклучително во утринските часови. Влажноста на воздухот е битен фактор поради опасноста влажните делови на растението да не се исушат затоа што тогаш постои опасност од оштетување на нежните листови.
Режењето на цветовите треба да се започне веднаш по појавувањето на бојата. Раното режење на цветовите може да доведе до опасност од неотворање на цветовите.

Tuesday, November 27, 2012

Одгледување на гербер

Во денешно време одгледувањето гербери станува актуелно. Факт е дека герберот е една од културите која дава најголема гаранција за во иднина, а тоа се должи на неколку причини:
  • Асортиментот се подобрува многу брзо;
  • Сега се употребува подобар систем за пакување со униформни кутии со кои се решаваат транспортните трошоци;
  • Подобрена е можноста за подолго траење на цветот со хемиски средства.
При производството на гербер треба да се обрне внимание на неколку фактори:
Почва
Добра дренажна почва со добра структура е еден од најважните услови за успешно одгледување на гербер.
Ако почвата е премногу влажна, со многу органски материи и со лош профил, тогаш има опасност растението да угине од фитофтора и питиум.
Пред да се отпочне со одгледување, се препорачува претходно да се направи анализа на почвата. Исто така, препорачливо е да се додадат некои органски материи заради корекција на:
а) пропустливоста,
б) моќта за поврзување на влагата со почвата,
в) стабилноста на структурата.
Општи совети: Два кубни метра органска материја за сто квадратни метри, добра обработка на горниот дел од почвата (20 см).
Расадување

Герберите треба да се расадуваат веднаш по нивното пристигнување, бидејќи младите садници продолжуваат со својот раст и тој не смее да се запре.
По расадувањето и за време на расадувањето, горниот дел на почвата мора да биде доволно влажен, но не премногу. За расадување потребни се минимум 12 степени и дневната температура не треба да биде повисока од 30 Целзиусови степени. Релативната влажност (RV) мора да биде што е можно повисока. Ноќната температура мора да биде помеѓу 20-22 Целзиусови степени.
Во периодите на јако сонце треба да се заштити со засенчување и намалување на јачината за 45-50%. Засенчувањето помага да не се врши често проветрување, кое не е добро за влажноста (RV).
Многу корисно за растенијата е да се врши малку полевање на растенијата одозгора и тоа еднаш дневно (наутро). Не смее да се дозволи да се забележат суви кругови во површината на герберот и затоа треба да се внимава до крајот на вегетацијата.
Со полевање на растенијата одозгора може да се продолжи додека не се појави првиот цвет. Неколку седмици пред појавата на првиот цвет може да се почне со наводнување и тоа преку инсталациската линија за распрскување.

Обетката – омиленото цвеќе на нашите баби

obetka2Обетка или фуксија (fuchsia) е омилено цвеќе на нашите баби, но оваа убавица и денес е многу барана и одгледувана во целиот свет. Селекционерите и обрнуваат големо внимание, па така постојат преку 800 хибридни сорти на фуксијата. Во Македонија, секако, не можат да се најдат сите видови, но љубителите на ова цвеќе сигурно можат да најдат барем дваесетина вида во нашите расадници и цвеќари.
Карактеристики
Фуксијата е повеќегодишно и полузимзелено растение кое го добило своето име по човекот со две професии, ботаничар и лекар, Леонард Фукса. Фуксијата ја има како исправено и како висечко цвеќе. Со специјална нега и потстрижување може да се добие цело стебленце преполно со цветови кое повеќе години ќе ја краси вашата тераса или двор.
Фуксијата цути раскошно од април до крајот на есента. Висечките видови на фуксијата, поради својата форма, се познати и под името „балерина". Цветовите се двојни или единечни и ги има како двобојни (бело-розови, црвено-бели, розово-виолетови и сл.) и како еднобојни од светлорозова до темновиолетова.            Услови за одгледување
obetka3
Фуксијата потекнува од влажните и свежи планински предели на Средна и Јужна Дмерика. Имајќи го предвид потеклото, во зимските месеци треба да и се најде добро осветлено место на терасата или во станот, но не директно на сонце. Кога ќе ја сместите на погодно место, не е препорачливо да и го менувате бидејќи ќе ги отфрли сите пупки и цветови.
- Фуксијата се пресадува секоја година во февруари или март, понекогаш и подоцна, во еден до два броја поголема саксија. Доколку растението е поголемо, не мора да се пресадува секоја година.

- Смесата на земјата во која се одгледува треба да биде што похранлива и растресита и затоа е најдобро да се купува тресетна земја, којашто треба да се помеша со малку песок. Доколку имате добро прегорено шталско ѓубре, може да се измеша во еднакви количини со тресетот и песокот, а на дното на саксијата се става дренажен слој од покрупен песок или искршени делови од стара теракотна саксија.
- Пред пресадувањето растението малку се потстрижува (од пет до десет сантиметри, во зависност од големината на растението). Отсечените делови немојте да ги фрлате бидејќи може да послужат за резници.
- Во текот на целата вегетација фуксијата треба да се полива добро, особено во летните месеци и тоа секојдневно, а во многу топлите денови треба и да се оросува со млака вода.
- Растението треба редовно да се прихранува. Најдобро е да се прихранува со течни минерални ѓубрива како што се „Цветал" или „ Wuhal" и тоа еднаш неделно по 2 гр. на литар вода.
- За обетката да биде густа, пожелно е неколку пати во годината да се потскратува. Обетките кои се на тераса или во дворот пред крајот на септември треба да се внесат внатре, во поладна светла просторија (може и во подрум, но не под 8°С.
- За време на зимскиот период растението се полива ретко и малку, само колку да не се исуши.
Заштита
Обетките ги напаѓаат бројни штетници, како разни лисни вошки, штитест молец, стеници (Lygus), а најопасни штетници се eriophyles fuchsiae и eriophyles vitis, коишто ги уништуваме со препарати на база на сулфур.
Добро негувајте ја вашата обетка со голема љубов и внимание и таа ќе ви возврати со прекрасен цут преку целата летна сезона.

Газанија - Раскошно и многу отпорно цвеќе

Газанијата е извонредно декоративно цвеќе кое се сади во големи леи во густ насад каде што изгледа многу атрактивно. Цветот е во полн развој само при директна сончева светлина. Многу е важно газанијата да биде изложена на сонце и заштитена од ветер. Во летниот период ова растение не бара многу вода и е отпорно на суша. Најпогодни за негово одгледување се лесно песокливи почви кои се добро дренирани.
Размножување
 Семето на газанијата се сее кон крајот на зимата или во почетокот на пролетта во мешавина од тресет и песок, каде што при температура од 20 Целзиусови степени ќе изрти во период од две недели. Потоа се пренесува во пластеник или стакленик со оптимална температура од 24 степени, со цел да се добијат што поздрави и поразвиени растенија. Растенијата во полна зрелост можат да се размножат со резници доцна во летото или во почетокот на есента. Произведените растенија се држат во текот на зимата во топли леи затоа што не поднесуваат ниски температури, а во мај се садат на растојание од 30 до 40 сантиметри. 
Болести и штетници
  Растенијата треба редовно да се контролираат за навремено да се реагира ако се појават штетници како што се растителните вошки и трипсот за кои треба да се применуваат инсектициди.
Од болестите може да се појави трулеж на долниот дел на стеблото или коренот и пегавост на листовите што е карактеристика за одгледувањето во стакленици каде што има преголема влажност. Инаку, ова растение е многу отпорно на болести и може да се препорача за одгледување на почетници.

Совети за одгледување кактуси


Кактусите се сукулентни растенија кои припаѓаат на семејството Cactaceae, а потекнуваат од Америка (Северна, Централна и Јужна Америка со соседните острови). Претежно се бодликави растенија кои успешно се спротивставуваат на сушите благодарејќи на сочното и меснато составно ткиво. Називот сукулентно се однесува на секое растение со сочно ткиво на стеблото и на листовите, а често и на коренот, кое има способност да ја задржува влагата и со тоа на растението да му овозможи нормален развој во сушните периоди.




Најповолна земја за одгледување на кактуси претставува мешавина на изгниени листови, песок и глина (1 дел изгниени листови, 1 дел песок , 1 дел глина).
Кактусите најправилно се негуваат доколку се изложени на сончевата страна во домот и се полеваат само тогаш кога земјата им е сосема сува.

Во зима треба да се постават на умерено топло и суво место. За време на зимското мирување кактусите многу малку треба да се полеваат.
Кон половината на мај, кога ќе настанат потоплите денови, кактусите се изнесуваат надвор, но поради потребата од аклиматизација треба да се заклонети од силното сонце и ветар некое време.
Одвреме-навреме кактусите треба да се прихрануваат со раствор од ѓубриво за цвеќе, при што треба да се внимава на концентрацијата, особено кај тукушто пресадените.





Кактусите најчесто се садат во глинени саксии, кои имаат предност за почетниците бидејќи во нив земјата умерено се суши и постои мала можност за пропаѓање на растението поради преголема влага. Во пластичните саксии земјата ја губи влагата само на површина, па поради тоа многу одгледувачи ја користи вакви саксии. Тие се лесни и на нив не се создаваат алги поради глаткоста на површината.
Кактусите се пресадуваат секоја трета или четврта година, после нивното прецветување. Притоа, земјата за кактусите треба да биде лесна и растресита со 15% речен песок и малку прашина од дрвен јаглен.
Кактусите се размножуваат со семе, резници или изданоци.
Семето се сее во мешавина која се состои од ¾ речен песок и ¼ изгниени лисја. Мешавината пред сеењето треба да се навлажни. Семето треба полека да се втисне и да се прекрие со стакло или со проѕирна пластика, па така да се држи на температура од 25 - 30°C. Кога ќе никнат младите изданоци, стаклото се тргнува. После три месеци растенијата се расадуваат во мали садови.

Размножувањето со резници се одвива напролет или во рано лето. Со остар рез резницата се одвојува од матичното растение. Резот се посипува со прашина од дрвен јаглен за да не дојде до трулење на резницата, и се остава неколку дена (до една недела) да се подзасуши. Потоа се засадува во влажен песок за да пушти жили, по што се пресадува во мал сад.

Дифенбахија (лат. Diffenbachia)

Ова растение не се препорачува да го чувате во просторија каде има деца. Неговиот сок е отровен, и ако бидете во допир со него може да дојде до непријатен оток и црвенило на кожата. Затоа внимателно! Кога ќе одрежувате листови или ќе го пресадувате, користете ракавици.

Дифенбахијата има големи зелени листови со жолти шари во многу комбинации. Расте брзо, па мора да и овозможите доволно простор за растење.

Поставете ја на светло место. Нема некое одредено време во годината кога изразено расте, па кога ќе видите дека има нови, млади листови,

прихранете ја и малку повеќе полевајте ја.

Повремено оросувајте ја, а полевајте ја секој втор, трет ден во лето, а во зима еднаш седмично. Ако и пожолтат листовите, премногу ја залевате.

Кога ќе остари, долните листови умираат и тоа не може да го спречите. Кога ќе стане неубава и нестабилна, едноставно одрежете ја на околу 10 см над земјата, над местото од каде растеле листовите. Таа ќе пушти млади листови. Делот што сте го отсекле не го фрлајте, бидејќи може да послужи за размножување. Одрежете го на делови долги 7-8 см и посадете ги во земја. Внимавајте само делот кој растел кон земјата, сега да го забодете во земја.


Бегонијата – еден од најатрактивните цветови


Најубава и најатрактивна меѓу многубројните видови цвеќе во нашите градини е BEGONIA TUBERHYBRIDA. Таа настанала со вкрстување на повеќе видови кои потекнуваат од Боливија и Перу. Се одгледува најчесто поради крупните и многу убави дупли цветови во повеќе бои: бели, црвени, розови, жолти, портокалови, како и разни нијанси на овие бои. Инаку, во зависност од видот, цветовите се со различни големини и облици, а листовите се големи, со неправилен облик и светлозелена до темнозелена боја. За ниски бегонии се сметаат оние кои достигнуваат висина од 20 до 30 см, а пречникот на цветовите е помеѓу 4 и 6 см. Средната бегонија е со висина од 25 до 30 см и пречник на цветови од 6 до 8 см, додека големата, begonia tuberhybrida grandiflora, достигнува висина од 40 до 60 см, па и повеќе, а цветовите имаат пречник од 8 до 16 см. Освен овој вид, се одгледува и begonia forma pendula (висечка бегонија) која е со поситни, но побројни цветови.
На бегонијата најмногу и одговара место заштитено од директно влијание на сонцето, но со многу светлина. Таа сака обилно полевање, но водата не смее да се задржува во садот. Раскошно цвета во текот на целото лето, па дури и во есен, ако се полева на секои 14 дена со минерално ѓубриво.
Ако бегонијата се одгледува во затворен простор, се случува да и паѓаат листовите и цветовите. Причина за ваквата појава е недостаток на свеж воздух или недоволно светлина. Ова растение не сака преместување од едно на друго место. Не треба да се чува на јужната страна на балкон или прозорец – повеќе и одговара источната страна.
При крајот на есента треба постепено да се намали полевањето на бегонијата така што храната од листовите преминува во луковицата. Кога ќе почнат да жолтеат листовите треба да се отсече горниот дел, а луковиците да се стават во картонска кутија наполнета со тресет и да се чуваат на темен простор на температура не пониска од 8oC. На почетокот на февруари може да се посадат во саксии и да се одгледуваат во затворен простор до крајот на април, а потоа да се извадат на балкон, тераса или во двор.
Бегонијата е само едно од многубројните видови растенија кои ни ги разубавуваат градините и терасите, а за да ја задржиме нејзината убавина и долготрајност, треба добро да се грижиме за неа, посебно во жешките летни денови.

Бисерен ѓердан (lat. Senecio rowleyanus)

Ова е многу интересен сукулент - ползавец. Ливчињата на ова растение личат на низа нанижани бисери, а потекнува од југозападна Африка.

Лесно се одгледува ако се придржувате на основните правила за одгледување на сукуленти, а тоа е минимално залевање со вода бидејќи овие растенија се создадени за суша. Подобро е премалку отколку премногу вода, бидејќи од кога ќе почне да гние, тешко ќе го спасите. Додека е во период на раст и го чувате надвор, залевајте го еднаш седмично и никако не дозволувајте да остане вода во подлошката. Во зима кога е внатре, залевајте го на секои 15 дена.

Во период кога се температурите над 5°С и во текот на целото лето чувајте го надвор, но избегнувајте го директното пладневно сонце. Во текот на зимата ставете го во просторија која не е многу затоплена и нека биде на изложено на светлина.

Се размножува едноставно со легнати гранчиња. Покрај саксијата со постојното растението ставете ја саксијата во која сакате да посадите ново растение, полегнете неколку гранчиња со ливчиња врз земјата и покријте ги ливчињата со малку земја. Полејте го со вода, и за 7-10 дена ќе пушти коренчиња. Кога ќе почне да растат нови ливчиња, едноставно одрежете го од матичното растение. Исто така може да земете резница од 5-6 cm, положете ја на земја, и дел од стеблото и ливче прекријте ги со малку земја. Набрзо ќе закорени. Најдобро е да користите земја за кактуси.

Има мал корен, па повеќе ќе му одговараат плитки саксии, во пречник 12-15 cm, а идеално би било да е саксијата висечка. Пресадете го дури кога целосно ќе ја прекрие целата саксија.

Кога му годат условите кои сте му ги овозможиле, покрај топчестите ливчиња ќе се појават и мали, бели цветчиња.

Пожелно е да го чувате надвор од досегот на деца и куќните љубимци, бидејќи сокот кој се наоѓа во ливчињата е отровен.

Амарилис (лат. Hippeastrum)

Ова прекрасно луковичесто растение потекнува од тропските предели на Америка. Од луковицата расте шупливо стебло, на кое се ѕвонестите цветови во бела, портокалова, разни нијанси на црвена боја и прошарани. Имаат и долги сабјести листови.

Додека расте, треба да го чувате на светло и топло место. Сака влага, па залевајте го секои 2-3 дена, но најдобро е да го пипнете земјата, па ако има потреба да го залеете. Во овој период прихранувајте го на секои 14 дена, се додека не процвета.

Кога цветот ќе овене, одрежете го. Листовите оставете ги до есен бидејќи преку нив растението ќе собере храна за следната пролет. Потребно е и поретко да го залевате. Кога листовите целосно ќе овенат, престанете со залевање и чувајте ја луковицата сува околу 10 седмици. Потоа почнете да го залевате, со што ќе ја разбудите луковицата и ќе ја поттикнете да цвета.

Во топлите краеви може да се чува и надвор, само не го залевајте во зима, бидејќи на ниски температури луковицата може да замрзне. Ако го чувате во домот во текот на зимата, во периодот на мирување треба да биде во ладна, незагреана просторија. Пресадувајте го секоја втора или трета година во поголема саксија.

Ако одлучите да ги одрежете цветовите и да ги ставите во вазна, пред да ги ставите во вода одрежете го стеблото попречно со остар нож. Водата мора да ја менувате секојдневно бидејќи стеблото лачи слуз.

Saturday, November 24, 2012

10 ПРЕУБАВИ, НО СМРТОНОСНИ ЦВЕЌИЊА

1. Aconitum -нарекувано уште ѓаволов шлем, сина ракета, јадалче, е цвеќе, расте на северната хемисвера
2. Atropa belladonnaПокрај латинското, ова растение е познато и како ѓаволски бобинки, смртни цреши, глуво доба од ноќта и уште некои. Расте во Европа, Северна Африка и Западна Азија. Сите делови од цветот се отровни.
3. Conium Ова растение расте претеѓно во Европа и јуѓна Африка. Алкалоидот кој го има и е токсичен е хемиски по многу сличен на никотинот, само моментално смртоносен.
4. Nerium oleander Растеније особно карактеристично за секој медитерански двор и куќа. Сите делови на растението се токсични.
5. DaturaПозната и како трубарка, ангелска труба, иако природно распространета низ целиот свет, во некои држави е забранета за садење и одгледување дури и како градинарско цвеќе. Самиот овој факт кажува за тоа колку е отровна, поточно – смртоносна.
6. DigitalisКај нас, во народот позната како ѕвончиња, ѕвонарка, вештерски ракавици и т.н. има прекрасни и разновидни бои. Сите делови на растението се отровни, а особено горните делови од цветното стебло. Во умерени, контролирани количини предизвикува халуцинации, но пречекорување на доза може да значи сигурна смрт.
7. Convallaria majalisНајневино по својот изглед, за општо познатото кокиче, малкумина знаат дека е смртно отровно растение.
8. OpiumБулки, мак, тутенки, се имиња за ова на изглед нежно цвеќе. Голем број на медикаменти се базираат на него, на морфиумот кој го содржи.
9. Brugmansia Расте на Андите и Јужна Америка и е сродник на ангелската труба. Цветот може да предизвика болки во стомакот и кај луѓе и кај животни, но сепак се злоупотребува во количини кои предизвикуваат халуцинации. Есенцијата на цветот може да предизвика парализа и смрт.
10. Phytolacca Толку нежен и убав изглед, а толку многу отровно!













Фикус (лат. Ficus elastica)

Родот фикус има многу видови, а веројатно најпознато растение од овој род е смоквата. Но и домашниот фикус е многу познат и се сретнува во многу домови. Најчесто го сретнуваме видот “elastica”, но и вариететите “robusta” (со зелени кожести листови) и “tricolor” (со шарени листови). Интересен е и видот “lyrata” чии листови се зелени со изразено жолти лисни жили и личат на виолина. Фикусот расте прилично брзо, така да мора да му обезбедите доволно простор. 

Најдобри услови за одгледување се многу светло и умерена температура. Ако се наоѓа на место со малку светлина, ќе расте побавно. 

Полевајте го еднаш седмично во зима, а во лето два пати. Не дозволувајте да остане вода во подлошката. По петнаесетина минути истурете го вишокот вода. Ова е особено важно да го правите додека е растението младо, бидејќи може брзо да угине. 

Прихранувајте го во летниот период два пати месечно. 

Растението се расадува додека е младо. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов. 

Додека е растението младо пожелно е да ставите стап до стеблото, за да има потпора додека расте. 

Ако сакате да ја ограничите висината, режете ги листовите на врвот. Овие резници може да ги користите за размножување. Едноставно ставете ги во земја, или пак прво во вода, а откако ќе излезат коренчиња во земја. Може да се размножи и од изданок од стеблото. Тоа е всушност дел долг околу 10 см со еден лист. 

Кога растението старее, долните листови најчесто отпаѓаат. Ако ова се случи на младо растение, тоа значи дека премногу го залевате. Ако листовите што отпаднале имаат кафени флеки, значи дека му е преладно. 

Thursday, November 22, 2012

Циклама (лат. Cyclamen)

Преку цела есен и зима можеме да купиме циклама која ќе го краси нашиот дом. Тоа е персиската циклама. Таа нема мирис, но плени со своите бои. Ја има во разни нијанси на розова, црвена, портокалова, бела... Може да биде едноставна, но и со двојни латици.

Цикламата повеќе ќе ужива во студена просторија отколку во многу затоплена. Ставете ја на светло место, но не директно на сонце. Најдобро на прозорец кој се наоѓа на северната или источната страна.

Сака влага, па најдобро е да ја залевате двапати седмично и тоа само во подлошката. Вишокот вода одлијте го по дваесетина минути, или ставете камчиња во подлошката. И покрај тоа што сака влага, не ги оросувајте листовите бидејќи ќе добијат дамки.

Додека цвета пожелно е да ја прихранувате два пати месечно со течно ѓубриво за растенија што цветаат

Кога ќе почне да венее и ќе престане да цвета, ставете ја на студено, откинете ги овенатите цветови заедно со дршката, и заливајте ја само малку на секои десетина дена.

На пролет, кога ќе се затопли, изнесете ја на балкон, некаде на сенка или закопајте ја во градината заедно со саксијата. На есен повторно внесете ја внатре, а таа ќе ве израдува повторно со прекрасни цветови.

Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

        Цвеќињата и другите украсни растенија може успешно да се одгледуваат само ако им се овозможат поволни животни услови, односно ако им се обезбеди во оптимална мерка сè она што им е потребно: доволно сончева светлина и топлина, вода, воздух и земја со соодветни хемиски и физички својства.
Сончевата светлина е најважниот животен фактор за секое растение. Таа влијае на создавање на хлорофилот (зеленилото на растението). Доколку нема светлина, доаѓа до етиолирање на растението т.е. до губење на зеленилото. Животниот процес на хранење на растението, односно примање на растворените хранливи материии од земјата и создавање на скроб во листовите е можно само со присуство на светлина. Затоа растението без светлина за неколку дена ја губи зелената боја, пожолтува и угинува.
Светлината влијае и на брзината на развој на едно растение. За да растенијата бујно растат и напредуваат, треба да се сместат на светло место.
Топлината е вегетациски фактор, од кој во голема мерка зависи интензитетот на растење и развој на растението и сите физиолошки процеси како што се: ‘ртењето, цветањето, оплодувањето итн. Секоја промена на топлината има силно влијание на растението. Притоа подеднакво се штетни и премногу ниски и премногу високи температури. Поизразено заладување предизвикува пореметување во растот и развојот, а може да доведе и до угинување на растението. Високите температури предизвикуваат пак губење на вода, со што се смалува притисокот во клетките и растението вене.
Украсните растенија може да се поделат на две поголеми групи: растенија кои треба да се чуваат на топло (околу 18°C) и на оние кои можат да поднесат студени простории (од околу +5°C до +8°C). Растенијата во одредена мерка и можат да се адаптираат на малите промени на температурата, ако разликата помеѓу највисоката и најниската не е голема и ако промените не се пренагли.
Растенијата во зима треба да се заштитат од струење на студениот воздух кој влегува при проветрување, од провев и од поинтензивно разладување на просторијата ноќе. Разликите од неколку степени тие без проблем ја поднесуваат. Љубителите на цвеќе важно е да знаат кои растенијата треба да се чуваат на топло, а кои можат да презимат и во незагреана просторија
– под услов температурата да не оди до точката на замрзнување.
Водата му е неопходна на секое растение. Таа претставува важен фактор во одгледувањето на цвеќињата. Водата на растенијата им овозможува да ги земаат од земјата неопходните минерални материи во вид на раствори. Растворените минерални соли во водата растението ги вшмукуваат преку коренот, се подигаат преку стеблото до лисјата, каде што се создава органска храна. Водата овозможува движење на соковите и пренесување на органските материи кои се создадаваат во лисјата во сите делови на растението. Исто така водата го снабдува растението и со кислород кој е неопходен за создавање на органските материи и регулирање на топлината. Водата го условува ‘ртењето и никнувањето на семето, а понатаму овозможува раст и развој на растенијата.
Растенијата кои се одгледуваат во домот обично се полеваат со вода од водоводот. Меѓутоа таа вода најчесто е тврда, поради присуство на зголемени концентрации на варовник, кој не им годи на многу растенија, како на пример, на азалеите, хортензиите, примулите и многу други. Затоа овие растенија треба да се залеваат со мека вода, а најдобро со дождовница, а ако ваква вода нема, треба да се земе отстоена вода каде варовникот веќе слегнал. Најдобра вода за поливање на цвеќињата е дождовницата, па ако е можно таа треба да се собира и чува, а најдобро во затемнета просторија за да не се создаваат алги во неа.
Воздухот на растенијата исто така им е неопходен за живот, бидејќи тие дишат како и секое живо суштество, па затоа им е неопходен кислородот од воздухот. Покрај ова, растението преку ситните пори на лисјата зема јаглерод диоксид од воздухот. Влажноста на воздухот исто така е значаен фактор за успешно чување на цвеќињата во станот. Меѓутоа на растенијата во домот не им е секогаш лесно да создадат влажен воздух, особено во зима кога просториите се загреваат.
Растенијата кои се пречуствителни на многу топол и сув воздух, како на пример, амаралиси, циклами, цинерарии, примули и други, треба да се сместат во помалку загреана соба, во која температурата е 8°C до 10°C.
Но ако овие растенија сепак се чуваат во топла соба, потребно е следното: во поголема подлошка, во која е ставена саксијата со цвеќето, треба да се налее вода. Во подлошката со вода треба да се стави помала тацна наопаку, за да саксијата не стои директно во вода. Водата полека ќе испарува и на тој начин растението секогаш ќе ја има потребната влага. Покрај тоа, растенијата треба да се наросуваат со распрскувач со отстоена вода по неколку пати дневно.