Најчесто се сретнува Primula vulgaris која може да се најде во сите бои. Кога ќе ја купувате внимавајте да има здрави зелени листови без кафени дамки и многу цветни пупки.
Ако го чувате внатре не смее да биде во многу топла просторија бидејќи кратко ќе цвета или едноставно ќе овене. Потребно му е многу светлина и влага. Овенатите цветови искинете ги заедно со стебленцето со што ќе го продолжите времето на цветање.
Кога ќе престане да цвета, може да го посадите во градината па ќе ве израдува следната пролет кога ќе процвета. Ако го чувате во саксија на балконот, нека не биде на директно пладневно сонце, овозможете му доволно влага и прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија кои цветаат на секои две седмици. Во саксијата тешко ќе презими и ќе ја дочека пролетта, но во градината ќе успее да ја дочека пролетта, особено ако го покриете со суви листови и гранчиња пред да дојдат студените зимски денови.
No comments:
Post a Comment