Ова растение не се препорачува да го чувате во просторија каде има
деца. Неговиот сок е отровен, и ако бидете во допир со него може да
дојде до непријатен оток и црвенило на кожата. Затоа внимателно! Кога
ќе одрежувате листови или ќе го пресадувате, користете ракавици.
Дифенбахијата има големи зелени листови со жолти шари во многу
комбинации. Расте брзо, па мора да и овозможите доволно простор за
растење.
Поставете ја на светло место. Нема некое одредено време во годината
кога изразено расте, па кога ќе видите дека има нови, млади листови,
прихранете ја и малку повеќе полевајте ја.
Повремено оросувајте ја, а полевајте ја секој втор, трет ден во лето, а во
зима еднаш седмично. Ако и пожолтат листовите, премногу ја залевате.
Кога ќе остари, долните листови умираат и тоа не може да го спречите.
Кога ќе стане неубава и нестабилна, едноставно одрежете ја на околу
10 см над земјата, над местото од каде растеле листовите. Таа ќе пушти
млади листови. Делот што сте го отсекле не го фрлајте, бидејќи може
да послужи за размножување. Одрежете го на делови долги 7-8 см и
посадете ги во земја. Внимавајте само делот кој растел кон земјата, сега
да го забодете во земја.
No comments:
Post a Comment