Thursday, November 29, 2012
Роза - кралица на цвеќето
За да ви успее розата, треба да обезбедите многу сонце и најважно од се' - да не ја мешате со другите цвеќиња и растенија
Поради прекрасните цветови, градинарите и поетите уште од римско време ја почитуваат и ја опејуваат розата. Розите се приспособливи растенија што растат во сите делови од светот, а нивниот род опфаќа многу облици на цветови. Нивната фамилијата нуди голема разновидност од бои, облици и миризби на цветовите - од дивите- скромни во цутењето ама раскошни во миризбата, до пастелната убавина на градинарските рози и модерните хибриди. Малку растенија имаат толкава разновидност во хабитусот, висината, листовите и формите. И сеедно како ги одгледувате, поединечно или во правилно уредена градина, розите во себе ја имаат убавината на класиката.
Во однос на видовите, има над стотина диви, ботанички рози, а сите 13 000 култивирани што можат да се купат или да се одгледуваат потекнуваат од нив.
Старински (градинарски) рози се во огромен број и тие се делат на две групи.
Во првата група се од европско потекло и тука спаѓаат розите: „алба“ (бели), „центифолија“, „дамаскински“, „галика“, „мовлести“, „шкотски“ и рози со миризливи листови.
Во втората група спаѓаат хибриди создадени од источните и европските рози. Тие цутат во лето и есен, а во оваа група се бурбонски, рози бурсо, конусна рози, хибридни мошусни, портландски,чаевки...
Розите непрекинато се развиваат, категориите или класите што ги измислиле нивните љубители се менуваат и нив треба да ги сметаме за практични патокази, а не за крути дефиниции. Оваа поделба е направена врз препораките на здруженијата “The World Federation of Rose Societes“.
Најомилен начин за одгледување на рози е во градина, која ја истакува нивната раскош во леите. Најдобро е тие да не се мешаат со други растенија.
На розите треба да им го погодите местото - да има многу сонце, да се заштитени од студени ветрови, со добро струење на воздухот и со хранлива почва. Розите слабо успеваат во длабока сенка, под дрвја, кога растат во густ насад со други растенија или во почва натопена со вода. За нив предноста ја има земјата што ја задржува водата, но таа сепак се цеди. Внимавајте, при подготовка за садење на розите треба да го извадите сиот плевел за да не мора да се бори за светлост, влага и хранливи материи. Чест проблем на розите се вошките, црните дамки, изумирање на фиданките. Најдобро е да ги прскате превентивно и редовно да ги прегледувате.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment