Размножување
Семето на газанијата се сее кон крајот на зимата или во почетокот на пролетта во мешавина од тресет и песок, каде што при температура од 20 Целзиусови степени ќе изрти во период од две недели. Потоа се пренесува во пластеник или стакленик со оптимална температура од 24 степени, со цел да се добијат што поздрави и поразвиени растенија. Растенијата во полна зрелост можат да се размножат со резници доцна во летото или во почетокот на есента. Произведените растенија се држат во текот на зимата во топли леи затоа што не поднесуваат ниски температури, а во мај се садат на растојание од 30 до 40 сантиметри.
Болести и штетници
Растенијата треба редовно да се контролираат за навремено да се реагира ако се појават штетници како што се растителните вошки и трипсот за кои треба да се применуваат инсектициди.

Од болестите може да се појави трулеж
на долниот дел на стеблото или коренот и пегавост на листовите што е
карактеристика за одгледувањето во стакленици каде што има преголема
влажност. Инаку, ова растение е многу отпорно на болести и може да се
препорача за одгледување на почетници.
No comments:
Post a Comment