Кактусите се сукулентни растенија кои
припаѓаат на семејството Cactaceae, а потекнуваат од Америка (Северна,
Централна и Јужна Америка со соседните острови). Претежно се бодликави
растенија кои успешно се спротивставуваат на сушите благодарејќи на
сочното и меснато составно ткиво. Називот сукулентно се однесува на
секое растение со сочно ткиво на стеблото и на листовите, а често и на
коренот, кое има способност да ја задржува влагата и со тоа на
растението да му овозможи нормален развој во сушните периоди.
Најповолна земја за одгледување на кактуси претставува мешавина на
изгниени листови, песок и глина (1 дел изгниени листови, 1 дел песок , 1
дел глина).
Кактусите најправилно се негуваат доколку се изложени на сончевата страна во домот и се полеваат само тогаш кога земјата им е сосема сува.
Во зима треба да се постават на умерено топло и суво место. За време на зимското мирување кактусите многу малку треба да се полеваат.
Кон половината на мај, кога ќе настанат потоплите денови, кактусите се изнесуваат надвор, но поради потребата од аклиматизација треба да се заклонети од силното сонце и ветар некое време.
Одвреме-навреме кактусите треба да се прихрануваат со раствор од ѓубриво за цвеќе, при што треба да се внимава на концентрацијата, особено кај тукушто пресадените.

Кактусите најчесто се садат во глинени саксии, кои имаат предност за
почетниците бидејќи во нив земјата умерено се суши и постои мала можност
за пропаѓање на растението поради преголема влага. Во пластичните
саксии земјата ја губи влагата само на површина, па поради тоа многу
одгледувачи ја користи вакви саксии. Тие се лесни и на нив не се
создаваат алги поради глаткоста на површината.
Кактусите се пресадуваат секоја трета или четврта година, после нивното прецветување. Притоа, земјата за кактусите треба да биде лесна и растресита со 15% речен песок и малку прашина од дрвен јаглен.
Кактусите се размножуваат со семе, резници или изданоци.
Семето се сее во мешавина која се состои од ¾ речен песок и ¼ изгниени лисја. Мешавината пред сеењето треба да се навлажни. Семето треба полека да се втисне и да се прекрие со стакло или со проѕирна пластика, па така да се држи на температура од 25 - 30°C. Кога ќе никнат младите изданоци, стаклото се тргнува. После три месеци растенијата се расадуваат во мали садови.
Размножувањето со резници се одвива напролет или во рано лето. Со остар рез резницата се одвојува од матичното растение. Резот се посипува со прашина од дрвен јаглен за да не дојде до трулење на резницата, и се остава неколку дена (до една недела) да се подзасуши. Потоа се засадува во влажен песок за да пушти жили, по што се пресадува во мал сад.

No comments:
Post a Comment