Одгледувачите на гладиоли велат дека
ова цвеќе го негуваат со посебна љубов, бидејќи цветовите се режат, ги
има во разни бои и се многутрајни.
Развојот на цветниот дел на гладиолата
почнува дури по садењето. Висината на температурата и интензитетот на
светлината за време на поникнување битно влијаат на развојот на
надземниот дел, а подоцна и на цветањето. Колку помалку светлина добива
младото растение во јануари и февруари, послабо ќе поднесува високи
температури во стаклениците. Постои голема опасност цветните дршки
потполно или делумно да се засушат на повисока температура. Меѓутоа,
колку се деновите подолги, а светлината поинтензивна (април-мај) и
отпорноста на штотуку развиените цветни дршки сразмерно се зголемува.
Гладиолите можат да се одгледуват и на
отворени површини и во ладни и загреани стакленици. Во зависност од
периодот помеѓу садењето и цветањето, гладиолите ги делиме на рано
цветни и доцно цветни.
ПОЧВА
Сите почви со добра структура се
погодни за одгледување гладиоли. Структурата на тешките почви може да
се поправи со внесување органска материја, на пример, компост или
тресет за време на обаработката на почвата. За таа цел не смее да се
користи свежо шталско ѓубре затоа што може да предизвика изгореници на
жилите.
Создавањето на покорицата може да се спречи со покривање на почвата по садењето на луковиците со тенок слој тресет.
Доколку почвата содржи доволно хранливи
материи, не треба да се ѓубри пред садење. Меѓутоа, доколку растенијата
слабо растат, потребно е ѓубрење со мешани ѓубрива. Во текот
одгледувањето почвата постојано мора да биде влажна.
КЛИМА ВО СТАКЛЕНИКОТ
Треба да се придржуваме кон пропишаните
температури. При повисоки температури постои поголема опасност од
сушење на цветните пупки. Во мај и јуни во стакленикот е дозволено
температура повисока од 17 степени затоа што во тоа време има доволно
светлина за развој на цветни пупки.
Доколку кај крупноцветните гладиоли ги
отстраниме бочните изданоци, можеме да очекуваме голема и квалитетна
цветна пупка. Меѓутоа, ако не ги отстраниме бочните изданоци, ќе имаме
повеќе цветни дршки со слаб квалитет.
ШТЕТНИЦИ
Trips /Thaenotrips gladioli/ предизвикува светли и сјајни дамки на цветовите и листовите.
РЕЖЕЊЕ НА ЦВЕТОВИТЕ
Цветовите се режат кога најдолната
пупка ќе почне да се отвора. Доколку цветовите се режат порано, горните
пупки нема да се отворат. Меѓутоа, ако се режат расцветани, цветовите
за време на бербата и транспортот ќе бидат значително оштетени.
No comments:
Post a Comment