Обетка или фуксија (fuchsia) е омилено цвеќе на нашите баби, но оваа убавица и денес е многу барана
и одгледувана во целиот свет. Селекционерите и обрнуваат големо
внимание, па така постојат преку 800 хибридни сорти на фуксијата. Во
Македонија, секако, не можат да се најдат сите видови, но љубителите на
ова цвеќе сигурно можат да најдат барем дваесетина вида во нашите
расадници и цвеќари.
Карактеристики
Фуксијата
е повеќегодишно и полузимзелено растение кое го добило своето име по
човекот со две професии, ботаничар и лекар, Леонард Фукса. Фуксијата ја
има како исправено и како висечко цвеќе. Со специјална нега и
потстрижување може да се добие цело стебленце преполно со цветови кое
повеќе години ќе ја краси вашата тераса или двор.
Фуксијата цути раскошно од април до
крајот на есента. Висечките видови на фуксијата, поради својата форма,
се познати и под името „балерина". Цветовите се двојни или единечни и
ги има како двобојни (бело-розови, црвено-бели, розово-виолетови и сл.)
и како еднобојни од светлорозова до темновиолетова. Услови за одгледување
Фуксијата
потекнува од влажните и свежи планински предели на Средна и Јужна
Дмерика. Имајќи го предвид потеклото, во зимските месеци треба да и се
најде добро осветлено место на терасата или во станот, но не директно
на сонце. Кога ќе ја сместите на погодно место, не е препорачливо да и
го менувате бидејќи ќе ги отфрли сите пупки и цветови.
- Фуксијата се пресадува секоја година во февруари или март, понекогаш и подоцна, во еден до два броја поголема саксија. Доколку растението е поголемо, не мора да се пресадува секоја година.
- Смесата на земјата во која се одгледува треба да биде што похранлива и растресита и затоа е најдобро да се купува тресетна земја, којашто треба да се помеша со малку песок. Доколку имате добро прегорено шталско ѓубре, може да се измеша во еднакви количини со тресетот и песокот, а на дното на саксијата се става дренажен слој од покрупен песок или искршени делови од стара теракотна саксија.
- Пред пресадувањето растението малку се потстрижува (од пет до десет сантиметри, во зависност од големината на растението). Отсечените делови немојте да ги фрлате бидејќи може да послужат за резници.
- Во текот на целата вегетација фуксијата треба да се полива добро, особено во летните месеци и тоа секојдневно, а во многу топлите денови треба и да се оросува со млака вода.
- Растението треба редовно да се прихранува. Најдобро е да се прихранува со течни минерални ѓубрива како што се „Цветал" или „ Wuhal" и тоа еднаш неделно по 2 гр. на литар вода.
- За обетката да биде густа, пожелно е неколку пати во годината да се потскратува. Обетките кои се на тераса или во дворот пред крајот на септември треба да се внесат внатре, во поладна светла просторија (може и во подрум, но не под 8°С.
- За време на зимскиот период растението се полива ретко и малку, само колку да не се исуши.

Заштита
Обетките
ги напаѓаат бројни штетници, како разни лисни вошки, штитест молец,
стеници (Lygus), а најопасни штетници се eriophyles fuchsiae и
eriophyles vitis, коишто ги уништуваме со препарати на база на сулфур.
Добро негувајте ја вашата обетка со голема љубов и внимание и таа ќе ви возврати со прекрасен цут преку целата летна сезона.
No comments:
Post a Comment