Thursday, November 29, 2012

Одгледување на хризантеми

Помеѓу убавите и раскошни цвеќиња се вбројуваат и хризантемите, кои можат да бидат едногодишни или повеќегодишни растенија. До денес се познати околу 200 вида на хризантеми од кои само неколку се употребуваат за производство на режан цвет и како саксиско цвеќе.
Едногодишните видови (Chrysanthemum-leucantheum, Chrysanthemum carinatum) и некои повеќегодишни хризантеми ((Chrysanthemum maximum) се користат за садење на јавни површини и во домашни градини. Крупноцветните форми традиционално се користат за производство на режан цвет.
Најновите статистички податоци покажуваат дека хризантемата во последните години е примарна цветна култура поради исклучително декоративните цветови и бои и усовршената технологија која овозможува темпирано производство на повеќе реколти во текот на годината.
Температура за хризантемата
Растот на хризантемата започнува на температура од 2 до 6 Целзиусови степени, пуштањето жили на резниците од 15 до 16 степени, а формирањето на цветните пупки од 12 до 13 степени. Растенијата можат да поднесат краткотрајно студено време од -3hrizantemi2 Целзиусови степени, додека цветните пупки страдаат при температура од 0 степени. Матичните растенија се чуваат во зимскиот период при температура од 4-6 степени, кога поминува неопходниот стадиум на јаровизација.
Ситните сорти (видови) подобро ги поднесуваат ниските температури за разлика од крупноцветните. Оптимална температура за пуштањето жили на резниците за раст, формирање и развој на цветните пупки е од 16 до 18 Целзиусови степени, а за отворање на цветните пупки и цветање е неопходна ниска температура, од 10-12 степени.
Хризантемата е растение на краток ден, но со големена потреба за интензивно осветлување.
Вегетативен раст
Вегетативниот раст на хризантемата поминува во период на долг ден (подолг од 14 часа, кај нас тоа е од 22.04 - 22.08), додека има сорти кои цветаат и при краток ден односно долгиот темен период. Вегетативниот раст се одвива при интензитет на светлина кој се движи од 6.500-8.000 луксови што за наши услови зрачи можност за успешен раст и во текот на зимата.
Посебно големи потреби за интензивно осветлување имаат раните и среднораните сорти. Тоа што хризантемата добро реагира на интензитетот и должината на осветлувањето дава основа за интензивно производство во текот на целата година.
Наводнување
Потребите за вода зависат од интензитетот на осветлувањето. При одгледувањето на hrizantemi3хризантемата во стакленик во услови на јако облачно време дневно е потребно од 0,70 л/м2, а при јасен сончев ден дури 5,1 л/м2 вода. Во заштитен простор можна е висока концентрација на соли во земјата на што коренот на хризантемата е доста осетлив. Во такви услови наводнувањето овозможува разредување на концентрацијата на земјениот раствор, а тоа е подобро и за растот на растението. Во услови на висока влажност на воздухот листовите на хризантемата ја примаат водата и затоа за неа е подобро наводнување со вештачки дожд за разлика од класичното наводнување на почвата.
При одгледување на хризантемата, исто така, треба да се води сметка за влажноста на земјата бидејќи со секое големо намалување на влагата на земјата се намалува и транспирацијата. За наводнување треба да се користат меки води, а не се препорачува хлорирана вода.
Влијанието на средината
Добрата природна циркулација на воздухот е услов за успешно одгледување на хризантемата посебно во време на вкоренување и пресадување. Хризантемата не поднесува високо ниво на потпочвени води.
Хризантемата, посебно крупноцветните видови, страдаат од јаки ветрови, додека сите сорти се многу осетливи на загаден воздух (од индустријата и интензивниот сообраќај). За хризантемата е нај добра средно тешка, структурна почва, со висока содржина на хумус, рН=6,2-6,5.
Ѓубрење
Без оглед на тоа каде се одгледува хризантемата, потребно е да има добар однос помеѓу органските и минералните ѓубрива, доволно воздух, вода и добра микробиолошка активност во почвата што овозможува добра исхрана на растението. Хризантемата бара нитратна форма на азот којашто е неопходна за вегетативниот раст на растенијата, калиум за зголемување на отпорноста на стрес и полегнување и убав цвет, а фосфорот за добивање на цврсти цветови и јак коренов систем. Хризантемата бара магнезиум, манган, бор, бакар, молибден и цинк.

No comments:

Post a Comment