Ова е многу интересен сукулент - ползавец. Ливчињата на ова растение личат на низа
нанижани бисери, а потекнува од југозападна Африка.
Лесно се одгледува ако се придржувате на основните правила за одгледување на
сукуленти, а тоа е минимално залевање со вода бидејќи овие растенија се создадени
за суша. Подобро е премалку отколку премногу вода, бидејќи од кога ќе почне да гние,
тешко ќе го спасите. Додека е во период на раст и го чувате надвор, залевајте го еднаш
седмично и никако не дозволувајте да остане вода во подлошката. Во зима кога е
внатре, залевајте го на секои 15 дена.
Во период кога се температурите над 5°С и во текот на целото лето чувајте го надвор,
но избегнувајте го директното пладневно сонце. Во текот на зимата ставете го во
просторија која не е многу затоплена и нека биде на изложено на светлина.
Се размножува едноставно со легнати гранчиња. Покрај саксијата со постојното
растението ставете ја саксијата во која сакате да посадите ново растение, полегнете
неколку гранчиња со ливчиња врз земјата и покријте ги ливчињата со малку земја.
Полејте го со вода, и за 7-10 дена ќе пушти коренчиња. Кога ќе почне да растат нови
ливчиња, едноставно одрежете го од матичното растение. Исто така може да земете
резница од 5-6 cm, положете ја на земја, и дел од стеблото и ливче прекријте ги со
малку земја. Набрзо ќе закорени. Најдобро е да користите земја за кактуси.
Има мал корен, па повеќе ќе му одговараат плитки саксии, во пречник 12-15 cm, а
идеално би било да е саксијата висечка. Пресадете го дури кога целосно ќе ја прекрие
целата саксија.
Кога му годат условите кои сте му ги овозможиле, покрај топчестите ливчиња ќе се
појават и мали, бели цветчиња.
Пожелно е да го чувате надвор од досегот на деца и куќните љубимци, бидејќи сокот кој
се наоѓа во ливчињата е отровен.
No comments:
Post a Comment