Ова прекрасно луковичесто растение потекнува од тропските предели на
Америка. Од луковицата расте шупливо стебло, на кое се ѕвонестите цветови
во бела, портокалова, разни нијанси на црвена боја и прошарани. Имаат и
долги сабјести листови.
Додека расте, треба да го чувате на светло и топло место. Сака влага, па
залевајте го секои 2-3 дена, но најдобро е да го пипнете земјата, па ако има
потреба да го залеете. Во овој период прихранувајте го на секои 14 дена, се
додека не процвета.
Кога цветот ќе овене, одрежете го. Листовите оставете ги до есен бидејќи преку
нив растението ќе собере храна за следната пролет. Потребно е и поретко
да го залевате. Кога листовите целосно ќе овенат, престанете со залевање и
чувајте ја луковицата сува околу 10 седмици. Потоа почнете да го залевате, со
што ќе ја разбудите луковицата и ќе ја поттикнете да цвета.
Во топлите краеви може да се чува и надвор, само не го залевајте во зима,
бидејќи на ниски температури луковицата може да замрзне. Ако го чувате во
домот во текот на зимата, во периодот на мирување треба да биде во ладна,
незагреана просторија. Пресадувајте го секоја втора или трета година во
поголема саксија.
Ако одлучите да ги одрежете цветовите и да ги ставите во вазна, пред да ги
ставите во вода одрежете го стеблото попречно со остар нож. Водата мора да
ја менувате секојдневно бидејќи стеблото лачи слуз.
No comments:
Post a Comment