Природното живеалиште на ова растение е во шумските предели на средна и јужна Америка и Нов Зеланд. Ги има околу 2000 видови, а основната поделба се врши според начинот на раст бидејќи има видови кои растат вертикално и може да пораснат во поголема грмушка, и видови чии гранчиња се меки, се свиткуваат и се идеални за садење во саксии кои висат. Имаат прекрасни цветови кои висат и се состојат од 4 латици кои ја формираат чашката од која растат латиците на цветот, а од нив извираат долгите прашници и толчникот. Цветовите може да бидат еднослојни, полуполни или полни, а комбинацијата на бои е безбројна.
Менѓушката сака влага, па внимавајте земјата никогаш да не се исуши целосно, а во летните горештини повремено оросете ја. Ако е насадена во саксија сместете ја во полусенка, додека ако е посадена во градината ќе го издржи и сонцето. Од март до октомври прихранувајте ја на секои 15 дена со ѓубриво за растенија кои цветаат.
Се размножува со резници во пролет или рано лето. Резниците, млади гранчиња без пупки долги 7-10 cm, се ставаат во земја на сенка и редовно се полеваат. Ќе се закоренат по три седмици. Младите растенија потребно е да се откинуваат по третиот пар листови за да бидат побујни и разгранети. Кога ќе пораснат нови гранчиња повторете го процесот на откинување уште неколку пати. Тоа го одложува времето на цветање, но вака се добиваат многу убави грмушки.
Ако е насадена во градината треба да биде подлабоко закопана. Околу 10 cm од гранчињата треба да бидат покриени со земја за да може во зима да се прекријат со суви листови и слама и да презимат. Во зима листовите ќе паднат, а на пролет, во март скратете ги гранчињата на околу 3 cm од земјата за да ги отстраните деловите кои се оштетени од мразот.
Менѓушките кои се насадени во саксија во зима треба да се чуваат во подрум или на некое слично место бидејќи не мора да имаат светлина. Ќе им паднат речиси сите листови, па треба да се скратат гранките се до дрвенестиот дел. Полевајте ги многу ретко, едвај еднаш на два месеци. На пролет изнесете ги надвор, пресадете ги, добро полејте со вода и прихранете ги.
Wednesday, December 5, 2012
Tuesday, December 4, 2012
Гарденија (лат. Gardenia jasminoides)
Гардениjата е прекрасно растение со бели цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директно пладневното сонце.
цветови, чиј мирис потсетува на јасмин. Цветовите многу често биле украс во реверите на машките одела или во косата на раскошните дами.
Ова растение не е едноставно за одгледување. Тоа бара големо количество на влага во воздухот, што не е лесно да се овозможи во домашни услови. Но сепак, можеби ќе успеете без стакленик да го одржите повеќе од една сезона во цвет.
Во лето полевајте го секој втор ден и оросувајте ги листовите, но внимавајте да не ги испрскате цветовите, будејќи ќе поцрнат. Во зима полевајте го еднаш седмично и по можност со млака вода. Идеално би било тоа да е дождовница.
Додека цвета гарденијата, прихранувајте ја секој две седмици со вода во која сте ставиле половина од пропишаното количество течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Чувајте ја на светло место, но внимавајте да не ја пече директноВо рана пролет одрежете ги младите изданоци, со што ќе го одржите убавиот грмолик облик.
Резниците може да ги користите за размножување. Забодете ги во земја и покријте ги со проѕирна пластична фолија, како би им било топло. Температурата нека биде 18°С, а земјата одржувајте ја влажна. Петнаесетина минути по залевањето истурете ја водата од подлошката. Фолијата отстранувајте ја секојдневно по десетина минути за не иструлат младите растенија. По три седмици гарденијата добро ќе закорени, и може да ја тргнете фолијата.
Младите растенија цутат многу пообилно, па ако имате среќа да ви успее одгледувањето на гарденијата, садете нови резници секоја пролет.
Каланхоа (лат. Kalanchoe)
Каланхоата е вистинското растение за сите оние љубители на цвеќиња кои немаат знаење за одгледување на растенија, и кои велат дека тоа не им оди од рака. Идеална е за сите заборавени и презафатени кои забораваат на растенијата во својот дом, бидејќи ако ја оставите жедна некој ден, таа сигурно нема да ви замери. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа. Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата. Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави. Никогаш не ги оросувајте листовите. Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. Ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта... Расте од 10 до 30 см, така да веројатно ќе најдете место за неа.Во зима цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето на терасата.Единствено на што треба да внимавате е залевањето, бидејќи е сукулент. Залевајте ја секои 12-15 дена во зима, а 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата, и кога е таа сува и растресита, да ја залеете. Ако забележите дека е тажна, со навалени листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш сте претерале. Отстранете ги гнилите гранки, оставете ја да осуши, и веројатно ќе се опорави.Никогаш не ги оросувајте листовите.Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со резници. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см со два пара листови. Отстранете го долниот пар листови, и забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. таа сигурно нема да ви замери. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова. |
Соланум, зимска цреша (lat.Solanum capsicastrum)
Ова растение се одгледува поради декоративните плодови, бобинки, кои се појавуваат во почетокот на есента и ја менуваат бојата од зелена, жолта, портокалова па до јарко црвена.
Соланумот може да го чувате надвор во полусенка, а кога ќе падне температурата внесете го внатре, но не во многу загреана просторија. Ако го чувате постојано внатре, тогаш чувајте го на светло место.
Во текот на пролетта и летото има потреба од многу вода, па затоа залевајте го секој втор ден ако е надвор, а во домот малку поретко. Во текот на зимата залевајте го еднаш седмично, за да му обезбедите период на мирување.
Оросувајте го често по листовите со млака вода, особено во периодот додека цвета, за да го зголемите бројот на плодови.
Во текот на пролетта и летото, додека растението интензивно расте, прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија што цутат.
Ако сакате да го сочувате за следната година, потребно е во пролет да го обрежете на половина од растот на растението. Стеблото ќе биде дрвенесто, и ќе има многу помалку цветови и плодови, па затоа се препорачува секоја година да се обнови од семе. Во март посадете ги црвените семки. Расфрлајте ги по компостот, покријте ги со тенок слој земја, полејте ги со вода, и покријте ги со темна крпа или фолија. Треба да бидат на темно додека не изникнат, а тогаш ставете ги на светло место. Температурата не би требало да биде пониска од 18°С. Кога младите растенија ќе имаат по неколку листови, насадете ги поединечно.
За да постигнете грмушкаст изглед, потребно е додека е младо да го пинцирате, односно со прсти да ги кинете врвовите на растението.

Прихрана на растенијата
Храната е еден од основните предуслови кој треба да им се овозможи на растенијата за да бидат украсни во вистинска смисла на зборот.
По купувањето на растението, земјата во садот содржи доволни залихи на хранливи материи, но тие многу брзо се трошат. Затоа треба да се прихранува.
Потребите на растенијата од ова поднебје се различни. Растенијата кои брзо и силно растат побаруваат почеста прихрана од оние кои побавно се развиваат, особено ако подолго време расте во ист сад.
Средства за прихранување се течните хранливи материи кои се додаваат во водата за полевање. Тие ги содржат сите хранливи материи кои се неопходни за живот на растението. Најважни хранливи материи во прихраната на растенијата се:
Водород
Го забрзува растот на листовите и гранчињата. Премалку водород во храната доведува до заостанување во растењето. Резултат на тоа се жолти листови и слаби гранчиња. Премногу водород предизвикува прекумерен раст на листовите. Ткивото на растенијата е сунѓересто, неотпорно на надворешни влијанија, подложно на болести и напад од штетници.
Фосфор
Фосфорот е многу важен за создавање на пупки кај цветниците. Освен тоа, поволно делува на способноста за ‘ртење на семето и закоренување на резниците. Недостатокот на фосфор се јавува и кај собните растенија.
Калиум
Калиумот на растенијата им е неопходен за размена на материите. Ја зголемува способноста за асимилација на хлорофилот и отпорноста на растенијата на суша. За негов недостаток укажуваат смеѓите рабови на листовите. Сепак кај собните растенија поретко доаѓа до недостаток на калиум во исхраната.
Магнезиум
Магнезиумот е делумно одговорен за создавање на лисното зеленило. Недостатокот на магнезиум во земјата резултира со болни промени на рабовите на листовите. Кај постарите растенија листовите опаѓаат. Растенијата редовно се прихрануваат во тек на целиот период на растење. Ова важи за најголемиот број на растенија со цветови и листови. Прихранувањето почнува во март и продолжува во тек на целото лето, па се до почетокот на октомври.
На растенијата кои растат на добро осветлено место потребно им е многу повеќе храна од оние кои растат на засенето место. Со разни истражувања докажано е дека растенијата поставени на прозорци кои се свртени кон југ, каде има повеќе светлина и топлина, им треба три до четири пати повеќе храна од оние кои се на северно ориентирани прозорци.
Од крајот на октомври до почетокот на март најголемиот број на растенија се наоѓа во фаза на зимско мирување. Во ова време во потполност се прекинува со прихранување.
Куќна среќа (lat. Soleirolia soleirolii, Helxine soleirolii)
Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо.
Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ни превисока температура на воздухот, така да веројатно нема да опстане во многу загреани простории.
Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите.
Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија.
Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад.
Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување. Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот.

Хризантема (lat. Chrysanthemum)
Хризантемата потекнува од Кина, каде многу е ценета и се смета за симбол за долг живот. Во Јапонија е национален цвет, па по тој повод имаат и Ден на хризантемата кој се слави на 9 септември.
За одгледување на преубавите примероци на хризантема во облик на грмушкаста топка потребно е многу знаење и умешност. Но постојат видови кои без проблем може да се одгледуваат на балконот или во градината.
Хризантемата има околу 7000 различни видови, а основната поделба е на видови кои почнуваат да цветаат во средина на летото, и видови кои цветаат во есен. Има и поделба по големината и видот на цветот.
Хризантемите се садат на сончево место на раздалеченост од 30-50 cm и тоа закоренета резница или младо растение кое изникнало покрај матичното. Најдобро е да ги посадите во средината на април. Ако садите хризантема која расте високо, веднаш ставете стапче покрај неа за да и служи како потпора кога ќе расте. Кога ќе се закорени младото растение потребно е да се откине мекиот врв за да се постигне грмушкаст облик.
Во текот на летото полевајте ги редовно, тие треба постојано да бидат влажни.
Во доцна есен кога ќе прецветаат и ќе паднат температурите, одрежете го стебленцето на околу 15 cm. Покријте ги со слама и листови за да може без проблем да ги преживеат ниските зимски температури.
Има потреба од многу влага, па не дозволувајте земјата целосно да се осуши бидејќи листовите прво ќе омлитават, па ќе пожолтат. Прихранувајте го на секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

Божиќна ѕвезда (лт. Euphorbia pulcherrima)
Ова растение е карактеристично за периодот околу новогодишните и божиќните празници. Се сретнува во црвена, розова, беж и бела боја.
Најдобро е да ја чувате во просторија каде е влажен воздухот. Таа исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Може и да ставите камчиња во подлошката, како би ја заштитиле од вишокот вода. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ја еднаш дневно за да не ги загуби листовите.
Ако успеете да ја сочувате до пролет, одрежете и ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен.
За да врвовите повторно се обојат за следната сезона, потребно е да и овозможите краток ден. Тоа значи дека 10 седмици не смее да има повеќе од 10 часа светлина дневно, што е навистина прекомплицирано. Поедноставно е да купите нова, одгледана во стакленик.
Кога ќе купувате нова божиќна ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат.
Нега на болното саксиско цвеќе
Нега на болното саксиско цвеќе Често се случува растението во саксијата да заболи, а вистинската причина за тоа да не може веднаш да се открие. Праксата покажала дека најчеста причина за појава на болест кај цвеќињата е нестручно одгледување и недоволна грижа. Добро одгледуваните растенијата, кои живеат под поволни услови и бујно растат, могу повеќе се отпорни на болести и штетници. Вистинската причина за болеста честопати е тешко да се утврди, иако јасно се забележува дека растението е болно. Најчеста причина претставува недоволното полевање, или полевање со “тврда” вода во која има голем процент на варовник, како и полевање со студена вода. Прекумерното и недоволното полевање подеднакво му штети на растението; и едното и другото најчесто предизвикуваат жолтица и опаѓање на листовите. Исто така, болест се јавува и поради истрошеност на земјата, т.е. кога растението подолго време не е пресадено, односно кога не се прихранува, како и поради преголем студ и големи промени на температурата. Надворешните знаци за болест на растението понекогаш можат да се забележат дури кога болеста е стадиум кога само со итна мерки може да го спаси. Пред да сè појават надворешните симптоми на болест, растението се наоѓа во болна фаза која се карактеризира со неправилности во примањето и преработка на хранливите материи. Растението во оваа фаза е многу чувствително, односно ја губи природната отпорност и многу лесно го совладува болест. Штом се забележат и најмалите знаци на заболување кај растението, треба да му се посвети поголема грижа и нега. Полевањето треба да биде внимателно и умерено, бидејќи растението не може да го искористи истото количеството на вода кое би го користело кога би било здраво. Во спротивно може да дојде до трулење на коренот, а со тоа и до влошување на болеста. Често е потребно болното растение да се пресади во свежа земја, но и тука треба да се постапува внимателно, бидејќи многу растенија кога се болни не поднесуваат пресадување во нова земја. Растението задолжително се пресадува кога болува од трулење на коренот или во случај кога земјата е толку лоша и исцрпена што во неа не би можело да оздрави и закрепне. При пресадувањето треба да се прегледаат жиличките и да се одсечат сите трули и изумрени делови. После ова растението треба да се стави во помала саксија во која ќе има што е можно полесна, односно попорозна земја измешана со песок. Така пресаденото растение се полева и се остава на топло и доволно осветлено место близу до прозорецот (но да биде заштитено од силно сонце). Тоа не смее да се става на темно место. Доволно светлина, изедначена топлина, свеж воздух и умерено поливање се главни услови за постепено оздравување на растението. |
Азалеа (lat. Azalea Indica)
Азалеата е растение со кожнати листови и многу цветови. Ја има во бела и сите нијанси на розова и црвена боја.
Цути цела зима, па се до средина на пролетта. Ако ја одгледувате во услови кои и одговараат, ќе биде прекрасна. Ставете ја на светло место, но не на директно сонце. Не и одговараат простории кои се многу затоплени, па веројатно нема да може да ја чувате во простории со централно греење.
Сака влага и секојдневно оросување на листовите, најдобро со дождовница. Залевајте ја барем два пати седмично. Најдобро е да ја пипнете земјата, за да се уверите дека е доволно влажна. Добро е да ставите камчиња во подлошката за да и овозможите доволно влага.
За да го продолжите времето на цутење, редовно отстранувајте ги овенатите цветови. Додека цути прихранувајте ја секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цутат.
Во доцна пролет, кога ќе престане да цвета, треба да ја изнесете надвор. Најдобро би било да ја закопате во сеновитиот дел од градината, заедно со саксијата. Ако немате градина, ставете ја на балконот. Ако е топло летото, без дождови, полевајте ја секој втор ден.
Во септември ќе треба да ја внесете внатре. Ископајте ја од градината, пресадете ја во нова земја, ако е потребно во еден број поголема саксија (само ако излегуваат коренчињата од саксијата). Отстранете ги овенатите листови и одрежете ги косо гранчињата кои стрчат до цветната пупка или изданокот. Потоа ставете ја на нејзиното место покрај прозорецот.

Friday, November 30, 2012
Сместување на цвеќето во домот
Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови за нормален живот и развој, односно на места каде ќе имаат соодветна светлина, топлина, влага и воздух. При тоа треба да се знае декаодредени растенија меѓу себе се разликуваат во потребите, а особено во однос на светлината како фактор. На некои им треба повеќе светлина, додека други успеваат дури кога малку ќе бидат заштитени од директната изложеност на сончева светлина. Повеќе светлина им е потребно на растенијата со побујно растење и со нежни листови како што се африканските љубичици, азалеите, цикламите, глосиниите, пеларгониите, примулите и др. Сепак и овие растенија мора да бидат заштитени од силното сонце. Растенијата кои имаат големо, цврсто и кожасто лице, како што се аспидистрите, драцените, филадендроните и палмите – се задоволуваат со нешто помалку светло, така да успеваат и во близина на прозорецот, а сансеверијата успева дури и во позасенетиот дел од собата.
Без разлика каде е растението сместено, треба со лицето да биде свртено кон онаа страна од која доаѓа најмногу светлина. Џбунестите растенија, кај кои листовите околу стеблото се рамномерно распоредени, треба секојдневно да се свртат за да и другата страна биде свртена кон сонцето.
Растенијата во саксиите се сместуваат во собата на самите прозорци или на разни сталаци, кои најчесто се изработуваат од ковано железо.
Исклучително убаво може да се украсат прозорците кои не се отвораат секој ден, особено ако се пошироки. Тука од страна можат да се направат помали полици, висечки корпички направени од тенки летви и сл.

Јаглика (lat. Primula)
Ова е голем род на растенија кои цветаат во рана пролет. Некои од нив може да ги чувате дома, а некои во градината или на балкон. Имаат зелени, набрани листови кои се густо собрани, а од средината излегуваат стебленца со по еден голем или повеќе ситни цветови во зависност од видот.
Најчесто се сретнува Primula vulgaris која може да се најде во сите бои. Кога ќе ја купувате внимавајте да има здрави зелени листови без кафени дамки и многу цветни пупки.
Ако го чувате внатре не смее да биде во многу топла просторија бидејќи кратко ќе цвета или едноставно ќе овене. Потребно му е многу светлина и влага. Овенатите цветови искинете ги заедно со стебленцето со што ќе го продолжите времето на цветање.
Кога ќе престане да цвета, може да го посадите во градината па ќе ве израдува следната пролет кога ќе процвета. Ако го чувате во саксија на балконот, нека не биде на директно пладневно сонце, овозможете му доволно влага и прихранувајте го со течно ѓубриво за растенија кои цветаат на секои две седмици. Во саксијата тешко ќе презими и ќе ја дочека пролетта, но во градината ќе успее да ја дочека пролетта, особено ако го покриете со суви листови и гранчиња пред да дојдат студените зимски денови.
Thursday, November 29, 2012
Африканска Тратинчица и Кинески Каранфил
Едногодишните ниски растенија најубаво цветаат доколку им одберете место кое највеќе му одговара.
Претежно потекнуваат од топлите земји со блага клима. Затоа најдобро растат во градината на топли и сончеви места.
Садниците на летните цвеќиња можете да ги одгледувате сами.
Со одгледување е потребно да отпочнете рано на пролет. Тогаш направете план каде ќе ги посадите така што градината ќе биде хармонична, занимлива и ќе добие полно бои.
Африканска тратинчица - мешавина (Dimorphotheca aurantiaca) (фото 1) - Има потреба од сончеви позиции, плодна и пропустлива земја, Убава е за жардињери, контејнери и букети. Се сее март-мај. Цвета мај-октомври.
Кинсеки каранфил - мешавина (Dianthus chinensis) - Ова е едногодишно растение кое украсува жардињери, контејнери и букети. Сака сонце и помалку варовничка земја. Со нив во градината добивата шарен тепих во црвена, ружичеста и бела боја. Се сее февруар-април. Цвета јули-септември
Гладиола – Трајни и разнобојни цветови
Одгледувачите на гладиоли велат дека
ова цвеќе го негуваат со посебна љубов, бидејќи цветовите се режат, ги
има во разни бои и се многутрајни.
Развојот на цветниот дел на гладиолата
почнува дури по садењето. Висината на температурата и интензитетот на
светлината за време на поникнување битно влијаат на развојот на
надземниот дел, а подоцна и на цветањето. Колку помалку светлина добива
младото растение во јануари и февруари, послабо ќе поднесува високи
температури во стаклениците. Постои голема опасност цветните дршки
потполно или делумно да се засушат на повисока температура. Меѓутоа,
колку се деновите подолги, а светлината поинтензивна (април-мај) и
отпорноста на штотуку развиените цветни дршки сразмерно се зголемува.
Гладиолите можат да се одгледуват и на
отворени површини и во ладни и загреани стакленици. Во зависност од
периодот помеѓу садењето и цветањето, гладиолите ги делиме на рано
цветни и доцно цветни.
ПОЧВА
Сите почви со добра структура се
погодни за одгледување гладиоли. Структурата на тешките почви може да
се поправи со внесување органска материја, на пример, компост или
тресет за време на обаработката на почвата. За таа цел не смее да се
користи свежо шталско ѓубре затоа што може да предизвика изгореници на
жилите.
Создавањето на покорицата може да се спречи со покривање на почвата по садењето на луковиците со тенок слој тресет.
Доколку почвата содржи доволно хранливи
материи, не треба да се ѓубри пред садење. Меѓутоа, доколку растенијата
слабо растат, потребно е ѓубрење со мешани ѓубрива. Во текот
одгледувањето почвата постојано мора да биде влажна.
КЛИМА ВО СТАКЛЕНИКОТ
Треба да се придржуваме кон пропишаните
температури. При повисоки температури постои поголема опасност од
сушење на цветните пупки. Во мај и јуни во стакленикот е дозволено
температура повисока од 17 степени затоа што во тоа време има доволно
светлина за развој на цветни пупки.
Доколку кај крупноцветните гладиоли ги
отстраниме бочните изданоци, можеме да очекуваме голема и квалитетна
цветна пупка. Меѓутоа, ако не ги отстраниме бочните изданоци, ќе имаме
повеќе цветни дршки со слаб квалитет.
ШТЕТНИЦИ
Trips /Thaenotrips gladioli/ предизвикува светли и сјајни дамки на цветовите и листовите.
РЕЖЕЊЕ НА ЦВЕТОВИТЕ
Цветовите се режат кога најдолната
пупка ќе почне да се отвора. Доколку цветовите се режат порано, горните
пупки нема да се отворат. Меѓутоа, ако се режат расцветани, цветовите
за време на бербата и транспортот ќе бидат значително оштетени.
Хибискус (Hibiscus)
Хибискусot (Hibiscus) е род со познати над 200 вида, дел од семејство Слезови (Malvaceae). Најраспространетите видови од овој род се кинеската и суданската роза.
Повеќето растенија потекнуваат од Азија, но некои растат и во Африка како диво растение.
Во Индија белиот хибискус се користи како лековито растение, а во Централноафриканските земји за производство на сокови.
Сириската роза e национално цвеќе на Јужна Кореја, а кинеската роза - на Малезија. Кинеската роза цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри височина во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Хибискусот е одличен пример за собно растение. Неговите цветови во принцип траат само еден ден - два, но со добро одлгедување можат да цветаат од пролет до есен.
Хибискусот има голем број на сорти, кои цветаат во бело, жолта, портокалова, розова или црвена боја. Егзотичните бои на хибискус се нарекуваат "цветови на љубовта" и тие се симбол на Хаити, а во Индија ги користат во свадбените церемонии. Уште на почетокот на XVIII век хибискусот бил пренесен од Кина каде красат многу ботанички градини во Европа. Има тврдења за кои се вели дека хибискусот се среќавал уште во XVI век во Италија. За нејзино одгледување е потребно да не биде директно изложена на сонце и на ветер. Цвета во текот на летото со преубави бои. Почвата каде е засадено ова растение треба да биде отцедлива, со добра дренажа. Расте добро дури и во градски услови. Најчесто одгледувани се:
- хибискус сириски (H. syriacus) е листопадно дрво, што често расте во форма на грмушка. Го викаат уште и дрво ружа, честа во нашите паркови и дворови. Го сметаат за национално цвеќе на Јужна Кореја. Тоа може да живее до 100 години. Се користи за уредување на паркови, алеи, ѕидови, огради. Расте бавно, цвета по 3-4-годишна возраст. Издржува кратковремени намалувања на температурата до минус 22 степени. Лесно поднесува пресадување, а се размножува со резници, семиња. Ова растение е доста издржливо и не се плаши од болести и инсекти. Поради бесмртниот корен што го има на Јужнокорејците им претставува симбол за бесмртната природа на Кореја, инспирација, решителноста и упорноста на корејскиот народ. Затоа го сметаат за цвет на Јужна Кореја.
- хибискус сабдарифа (H. sabdariffa) (слика 2) е уште познат со трговските имиња: коноп Розела, Сиамска јута, јута од Јава. Тоа е истата онаа судански роза, од која се прави чајот каркаде. Листовите, стеблата и чашките на растенијата имаат црвеникава боја. Свежите листови се користат во салати, а семето се печење и се користи во супа и слатки. Откако прецвета чашката започнува да расте и да се зголемува 5-6 пати и да станува сочна и месест. Може да се собираат чашките заедно со зрелите плодови. Свежите се користат за желе, се подготвуваат од нив сосови, компост, се користат за боење на проѕирните овошни конзерви, како на пример од ананасот.
- хибискус коноп - (Hibiscus cannabinus) е вид хибискус, кој потекнува веројатно од јужна Азија, иако вистинската неговата татковина е непозната. Познат е под многу имиња како што се коноп од Гамбија (Gambo hemp), сиамска јута, kеnaf, јута од Бимли (Bimlipatam jute), коноп од Амбари и др. Ова е едногодишно или двегодишно тревесто растение што расте на висина од 1,5 до 3,5 метри, а стеблото му е 1-2 см во дијаметар, и не е секогаш разгранет. Историјата на неговото одгледување е многу долга, поради растителните влакна, кои се добиваат од сувите стебла и успешно се добиваат коноп, јажиња, хартија. Од овој вид коноп се прават и вреќи за кафе. Од семето му се извлекуваат технички масла. Најмногу се одгледува во Индија, Кина, Бразил, САД, Узбекистан.
- Хибискус кинески - (H. rosa-sinensis) (слика 3) расте во Источна Азија и на островите во Тихиот Океан. Тоа е добро познатата и сакана собна кинеска роза. Се смета за национален цвет на Малезија. Неговите пет листови ги симболизираат петте заповеди на исламот. Ова е голема грмушка со раскошна круна и е многу погодна за обликување на пространи простории, зимски градини, канцеларии. И кај нас кинеската роза е едно од омилените и дистрибуирани собни растенија. Може да достигне висина дури до 2-3 метри. Цвета во текот на летото во текот на неколку месеци. Најмногу обилно и долготрајно цвета и се развива, доколку и се обезбеди силна светлина, топлина, умерена воздушна влажност и постојано влажна почва. Не поднесува сепак директна сончева светлина.
Хибискусот издржува и на сенка, но при недоволна светлина цвета малку и се развива полошо. Оптималната температура за зимскиот период е околу 15 ° С. Во текот на зимата просечната температура треба да биде минимум 13 степени. Не треба да биде изложено на директна сончева светлина. Почвата треба да биде влажна цело време. Во текот на зимата наводнувањето може да се намали. Често бара да и се прскаат листовите. Пресадувањето може да се врши во рана пролет, секоја година. Хибискус дава прекрасна атмосфера и на градината. Задолжително вметнете саксијата дома, пред да паднат првите мразеви
Се размножува во месец мај, преку резници на температура 20-25 степени. Може да се ѓубри на две недели во текот на летото со минерални и органски ѓубрива. Ви зимскиот период ако е на ладно не се ѓубри, но ако е на топло еднаш во месецот. Евентуални штетници се лисните вошки и грини. Доколку забележите опаѓање на листовите најчеста причина е студот, премногу сувата земја во текот на листовите најчеста причина е студот, премногу сувата земја во текот на летото.
Одгледување на хризантеми
Помеѓу убавите и раскошни цвеќиња се
вбројуваат и хризантемите, кои можат да бидат едногодишни или
повеќегодишни растенија. До денес се познати околу 200 вида на
хризантеми од кои само неколку се употребуваат за производство на режан
цвет и како саксиско цвеќе.
Едногодишните видови
(Chrysanthemum-leucantheum, Chrysanthemum carinatum) и некои
повеќегодишни хризантеми ((Chrysanthemum maximum) се користат за садење
на јавни површини и во домашни градини. Крупноцветните форми
традиционално се користат за производство на режан цвет.
Најновите статистички податоци
покажуваат дека хризантемата во последните години е примарна цветна
култура поради исклучително декоративните цветови и бои и усовршената
технологија која овозможува темпирано производство на повеќе реколти во
текот на годината.
Температура за хризантемата
Растот
на хризантемата започнува на температура од 2 до 6 Целзиусови степени,
пуштањето жили на резниците од 15 до 16 степени, а формирањето на
цветните пупки од 12 до 13 степени. Растенијата можат да поднесат
краткотрајно студено време од -3
Целзиусови степени, додека цветните пупки страдаат при температура од 0
степени. Матичните растенија се чуваат во зимскиот период при
температура од 4-6 степени, кога поминува неопходниот стадиум на
јаровизација.
Ситните сорти (видови) подобро ги
поднесуваат ниските температури за разлика од крупноцветните. Оптимална
температура за пуштањето жили на резниците за раст, формирање и развој
на цветните пупки е од 16 до 18 Целзиусови степени, а за отворање на
цветните пупки и цветање е неопходна ниска температура, од 10-12
степени.
Хризантемата е растение на краток ден, но со големена потреба за интензивно осветлување.
Вегетативен раст
Вегетативниот раст на хризантемата
поминува во период на долг ден (подолг од 14 часа, кај нас тоа е од
22.04 - 22.08), додека има сорти кои цветаат и при краток ден односно
долгиот темен период. Вегетативниот раст се одвива при интензитет на
светлина кој се движи од 6.500-8.000 луксови што за наши услови зрачи
можност за успешен раст и во текот на зимата.
Посебно големи потреби за интензивно
осветлување имаат раните и среднораните сорти. Тоа што хризантемата
добро реагира на интензитетот и должината на осветлувањето дава основа
за интензивно производство во текот на целата година.
Наводнување
Потребите за вода зависат од интензитетот на осветлувањето. При одгледувањето на хризантемата
во стакленик во услови на јако облачно време дневно е потребно од 0,70
л/м2, а при јасен сончев ден дури 5,1 л/м2 вода. Во заштитен простор
можна е висока концентрација на соли во земјата на што коренот на
хризантемата е доста осетлив. Во такви услови наводнувањето овозможува
разредување на концентрацијата на земјениот раствор, а тоа е подобро и
за растот на растението. Во услови на висока влажност на воздухот
листовите на хризантемата ја примаат водата и затоа за неа е подобро
наводнување со вештачки дожд за разлика од класичното наводнување на
почвата.
При одгледување на хризантемата, исто
така, треба да се води сметка за влажноста на земјата бидејќи со секое
големо намалување на влагата на земјата се намалува и транспирацијата.
За наводнување треба да се користат меки води, а не се препорачува
хлорирана вода.
Влијанието на средината
Добрата природна циркулација на
воздухот е услов за успешно одгледување на хризантемата посебно во
време на вкоренување и пресадување. Хризантемата не поднесува високо
ниво на потпочвени води.
Хризантемата, посебно крупноцветните
видови, страдаат од јаки ветрови, додека сите сорти се многу осетливи
на загаден воздух (од индустријата и интензивниот сообраќај). За
хризантемата е нај добра средно тешка, структурна почва, со висока
содржина на хумус, рН=6,2-6,5.
Ѓубрење
Без оглед на тоа каде се одгледува
хризантемата, потребно е да има добар однос помеѓу органските и
минералните ѓубрива, доволно воздух, вода и добра микробиолошка
активност во почвата што овозможува добра исхрана на растението.
Хризантемата бара нитратна форма на азот којашто е неопходна за
вегетативниот раст на растенијата, калиум за зголемување на отпорноста
на стрес и полегнување и убав цвет, а фосфорот за добивање на цврсти
цветови и јак коренов систем. Хризантемата бара магнезиум, манган, бор,
бакар, молибден и цинк.
Роза - кралица на цвеќето
За да ви успее розата, треба да обезбедите многу сонце и најважно од се' - да не ја мешате со другите цвеќиња и растенија
Поради прекрасните цветови, градинарите и поетите уште од римско време ја почитуваат и ја опејуваат розата. Розите се приспособливи растенија што растат во сите делови од светот, а нивниот род опфаќа многу облици на цветови. Нивната фамилијата нуди голема разновидност од бои, облици и миризби на цветовите - од дивите- скромни во цутењето ама раскошни во миризбата, до пастелната убавина на градинарските рози и модерните хибриди. Малку растенија имаат толкава разновидност во хабитусот, висината, листовите и формите. И сеедно како ги одгледувате, поединечно или во правилно уредена градина, розите во себе ја имаат убавината на класиката.
Во однос на видовите, има над стотина диви, ботанички рози, а сите 13 000 култивирани што можат да се купат или да се одгледуваат потекнуваат од нив.
Старински (градинарски) рози се во огромен број и тие се делат на две групи.
Во првата група се од европско потекло и тука спаѓаат розите: „алба“ (бели), „центифолија“, „дамаскински“, „галика“, „мовлести“, „шкотски“ и рози со миризливи листови.
Во втората група спаѓаат хибриди создадени од источните и европските рози. Тие цутат во лето и есен, а во оваа група се бурбонски, рози бурсо, конусна рози, хибридни мошусни, портландски,чаевки...
Розите непрекинато се развиваат, категориите или класите што ги измислиле нивните љубители се менуваат и нив треба да ги сметаме за практични патокази, а не за крути дефиниции. Оваа поделба е направена врз препораките на здруженијата “The World Federation of Rose Societes“.
Најомилен начин за одгледување на рози е во градина, која ја истакува нивната раскош во леите. Најдобро е тие да не се мешаат со други растенија.
На розите треба да им го погодите местото - да има многу сонце, да се заштитени од студени ветрови, со добро струење на воздухот и со хранлива почва. Розите слабо успеваат во длабока сенка, под дрвја, кога растат во густ насад со други растенија или во почва натопена со вода. За нив предноста ја има земјата што ја задржува водата, но таа сепак се цеди. Внимавајте, при подготовка за садење на розите треба да го извадите сиот плевел за да не мора да се бори за светлост, влага и хранливи материи. Чест проблем на розите се вошките, црните дамки, изумирање на фиданките. Најдобро е да ги прскате превентивно и редовно да ги прегледувате.
Одгледување на кринови
Криновите се повеќе се одгледуваат кај
нас. Тие бараат многу светлина и тоа е услов за квалитетни цветови.
Многу е важно да се внимава на температурата затоа што и таа е битна за
правилен развој на пупките. Цветните дршки на криновите ќе бидат
пократки доколку деновите се подолги, а садењето е подоцно.
Криновите најдобро успеваат на тресетни
почви и песокливи почви богати со хумус. Потешки почви може да се
користат, но тогаш мора да се преземат посебни агротехнички мерки за да
се зголеми пропусната моќ за вода. Постои можност на такви почви
цветната дршка да остане кратка.
Се препорачува за основното ѓубрење по
еден ар во горниот површински слој од 15 сантиметри да се внесе
прегорено арско ѓубре со малку слама. На тешките глинести почви се
додава тресет и минерални ѓубрива. Сето ова може добро да се измеша во
горниот слој на почвата. Времето на внесување на ѓубривото е 50% пред
садењето и 50% непосредно пред никнувањето.
Со цел да се добијат поздрави и
поцврсти дршки, потребно е 3-4 недели пред цветањето да се изврши
прихрана со лесно топливо азотно ѓубриво во доза 2-3 килограми на
површина од еден ар.
Доколку на исто земјиште во пластеникот
повеќе години се одгледуваат кринови, неопходно е пред почетокот на
производството да се стерилизира почвата со пареа. Кореновиот систем на
кринот не смее да биде во вода, а нивото на подземна вода треба да биде
најмалку 40 сантиметри под површината на земјата. Во случај на повисоки
подземни води, кринот се одгледува на подигнати леи. Најдобри резултати
се постигнуваат доколку веднаш се засадат луковиците кои се чуваат во
ладилници каде што температурата е 2 Целзиусови степени. Криновите се
садат во леи во стакленик или пластеник. Најдобро е ширината на леите
да биде еден метар, а помеѓу нив да се остави патека во широчина од
половина метар. Густината на садење зависи од големината на луковиците.
При подоцно садење се препорачува погусто садење.
Луковиците на кринот се садат прилично длабоко. Во зимскиот период потребно е над луковиците да има шест
сантиметри земја. Кога тие се садат во летниот период, потребно е над
земјата да се стави слама за да се спречи прекумерно загревање. Добри
резултати се постигнуваат и со садење во саксии кои треба да бидат
високи најмалку 12 сантиметри со пречник 10 до 12 сантиметри.
Луковиците во саксиите треба да бидат покриени со земја во висина од
осум сантиметри и треба да се внимава на наводнувањето затоа што водата
побрзо испарува во саксии.
Наводнувањето започнува веднаш по
никнувањето на растенијата и се врши исклучително во утринските часови.
Влажноста на воздухот е битен фактор поради опасноста влажните делови
на растението да не се исушат затоа што тогаш постои опасност од
оштетување на нежните листови.
Режењето на цветовите треба да се
започне веднаш по појавувањето на бојата. Раното режење на цветовите
може да доведе до опасност од неотворање на цветовите.
Tuesday, November 27, 2012
Одгледување на гербер
Во денешно време одгледувањето гербери
станува актуелно. Факт е дека герберот е една од културите која дава
најголема гаранција за во иднина, а тоа се должи на неколку причини:
- Асортиментот се подобрува многу брзо;
- Сега се употребува подобар систем за пакување со униформни кутии со кои се решаваат транспортните трошоци;
- Подобрена е можноста за подолго траење на цветот со хемиски средства.
При производството на гербер треба да се обрне внимание на неколку фактори:
Почва
Добра дренажна почва со добра структура е еден од најважните услови за успешно одгледување на гербер.
Ако почвата е премногу влажна, со многу органски материи и со лош профил, тогаш има опасност растението да угине од фитофтора и питиум.
Пред да се отпочне со одгледување, се препорачува претходно да се направи анализа на почвата. Исто така, препорачливо е да се додадат некои органски материи заради корекција на:

а) пропустливоста,
б) моќта за поврзување на влагата со почвата,
в) стабилноста на структурата.
б) моќта за поврзување на влагата со почвата,
в) стабилноста на структурата.
Општи совети: Два кубни метра органска материја за сто квадратни метри, добра обработка на горниот дел од почвата (20 см).
Расадување
Герберите треба да се расадуваат веднаш по нивното пристигнување, бидејќи младите садници продолжуваат со својот раст и тој не смее да се запре.
Герберите треба да се расадуваат веднаш по нивното пристигнување, бидејќи младите садници продолжуваат со својот раст и тој не смее да се запре.
По расадувањето и за време на
расадувањето, горниот дел на почвата мора да биде доволно влажен, но не
премногу. За расадување потребни се минимум 12 степени и дневната
температура не треба да биде повисока од 30 Целзиусови степени.
Релативната влажност (RV) мора да биде што е можно повисока. Ноќната
температура мора да биде помеѓу 20-22 Целзиусови степени.
Во периодите на јако сонце треба да се
заштити со засенчување и намалување на јачината за 45-50%.
Засенчувањето помага да не се врши често проветрување, кое не е добро
за влажноста (RV).
Многу корисно за растенијата е да се
врши малку полевање на растенијата одозгора и тоа еднаш дневно
(наутро). Не смее да се дозволи да се забележат суви кругови во
површината на герберот и затоа треба да се внимава до крајот на
вегетацијата.
Со полевање на растенијата одозгора може да се продолжи додека не се појави првиот цвет. Неколку седмици пред појавата на првиот цвет може да се почне со наводнување и тоа преку инсталациската линија за распрскување.

Обетката – омиленото цвеќе на нашите баби
Обетка или фуксија (fuchsia) е омилено цвеќе на нашите баби, но оваа убавица и денес е многу барана
и одгледувана во целиот свет. Селекционерите и обрнуваат големо
внимание, па така постојат преку 800 хибридни сорти на фуксијата. Во
Македонија, секако, не можат да се најдат сите видови, но љубителите на
ова цвеќе сигурно можат да најдат барем дваесетина вида во нашите
расадници и цвеќари.
Карактеристики
Фуксијата
е повеќегодишно и полузимзелено растение кое го добило своето име по
човекот со две професии, ботаничар и лекар, Леонард Фукса. Фуксијата ја
има како исправено и како висечко цвеќе. Со специјална нега и
потстрижување може да се добие цело стебленце преполно со цветови кое
повеќе години ќе ја краси вашата тераса или двор.
Фуксијата цути раскошно од април до
крајот на есента. Висечките видови на фуксијата, поради својата форма,
се познати и под името „балерина". Цветовите се двојни или единечни и
ги има како двобојни (бело-розови, црвено-бели, розово-виолетови и сл.)
и како еднобојни од светлорозова до темновиолетова. Услови за одгледување
Фуксијата
потекнува од влажните и свежи планински предели на Средна и Јужна
Дмерика. Имајќи го предвид потеклото, во зимските месеци треба да и се
најде добро осветлено место на терасата или во станот, но не директно
на сонце. Кога ќе ја сместите на погодно место, не е препорачливо да и
го менувате бидејќи ќе ги отфрли сите пупки и цветови.
- Фуксијата се пресадува секоја година во февруари или март, понекогаш и подоцна, во еден до два броја поголема саксија. Доколку растението е поголемо, не мора да се пресадува секоја година.
- Смесата на земјата во која се одгледува треба да биде што похранлива и растресита и затоа е најдобро да се купува тресетна земја, којашто треба да се помеша со малку песок. Доколку имате добро прегорено шталско ѓубре, може да се измеша во еднакви количини со тресетот и песокот, а на дното на саксијата се става дренажен слој од покрупен песок или искршени делови од стара теракотна саксија.
- Пред пресадувањето растението малку се потстрижува (од пет до десет сантиметри, во зависност од големината на растението). Отсечените делови немојте да ги фрлате бидејќи може да послужат за резници.
- Во текот на целата вегетација фуксијата треба да се полива добро, особено во летните месеци и тоа секојдневно, а во многу топлите денови треба и да се оросува со млака вода.
- Растението треба редовно да се прихранува. Најдобро е да се прихранува со течни минерални ѓубрива како што се „Цветал" или „ Wuhal" и тоа еднаш неделно по 2 гр. на литар вода.
- За обетката да биде густа, пожелно е неколку пати во годината да се потскратува. Обетките кои се на тераса или во дворот пред крајот на септември треба да се внесат внатре, во поладна светла просторија (може и во подрум, но не под 8°С.
- За време на зимскиот период растението се полива ретко и малку, само колку да не се исуши.

Заштита
Обетките
ги напаѓаат бројни штетници, како разни лисни вошки, штитест молец,
стеници (Lygus), а најопасни штетници се eriophyles fuchsiae и
eriophyles vitis, коишто ги уништуваме со препарати на база на сулфур.
Добро негувајте ја вашата обетка со голема љубов и внимание и таа ќе ви возврати со прекрасен цут преку целата летна сезона.
Газанија - Раскошно и многу отпорно цвеќе
Газанијата е извонредно декоративно цвеќе кое се сади во големи леи во
густ насад каде што изгледа многу атрактивно. Цветот е во полн развој
само при директна сончева светлина. Многу е важно газанијата да биде
изложена на сонце и заштитена од ветер. Во летниот период ова растение
не бара многу вода и е отпорно на суша. Најпогодни за негово
одгледување се лесно песокливи почви кои се добро дренирани.
Размножување
Семето на газанијата се сее кон крајот на зимата или во почетокот на пролетта во мешавина од тресет и песок, каде што при температура од 20 Целзиусови степени ќе изрти во период од две недели. Потоа се пренесува во пластеник или стакленик со оптимална температура од 24 степени, со цел да се добијат што поздрави и поразвиени растенија. Растенијата во полна зрелост можат да се размножат со резници доцна во летото или во почетокот на есента. Произведените растенија се држат во текот на зимата во топли леи затоа што не поднесуваат ниски температури, а во мај се садат на растојание од 30 до 40 сантиметри.
Болести и штетници
Растенијата треба редовно да се контролираат за навремено да се реагира ако се појават штетници како што се растителните вошки и трипсот за кои треба да се применуваат инсектициди.

Од болестите може да се појави трулеж
на долниот дел на стеблото или коренот и пегавост на листовите што е
карактеристика за одгледувањето во стакленици каде што има преголема
влажност. Инаку, ова растение е многу отпорно на болести и може да се
препорача за одгледување на почетници.
Совети за одгледување кактуси
Кактусите се сукулентни растенија кои
припаѓаат на семејството Cactaceae, а потекнуваат од Америка (Северна,
Централна и Јужна Америка со соседните острови). Претежно се бодликави
растенија кои успешно се спротивставуваат на сушите благодарејќи на
сочното и меснато составно ткиво. Називот сукулентно се однесува на
секое растение со сочно ткиво на стеблото и на листовите, а често и на
коренот, кое има способност да ја задржува влагата и со тоа на
растението да му овозможи нормален развој во сушните периоди.
Најповолна земја за одгледување на кактуси претставува мешавина на
изгниени листови, песок и глина (1 дел изгниени листови, 1 дел песок , 1
дел глина).
Кактусите најправилно се негуваат доколку се изложени на сончевата страна во домот и се полеваат само тогаш кога земјата им е сосема сува.
Во зима треба да се постават на умерено топло и суво место. За време на зимското мирување кактусите многу малку треба да се полеваат.
Кон половината на мај, кога ќе настанат потоплите денови, кактусите се изнесуваат надвор, но поради потребата од аклиматизација треба да се заклонети од силното сонце и ветар некое време.
Одвреме-навреме кактусите треба да се прихрануваат со раствор од ѓубриво за цвеќе, при што треба да се внимава на концентрацијата, особено кај тукушто пресадените.

Кактусите најчесто се садат во глинени саксии, кои имаат предност за
почетниците бидејќи во нив земјата умерено се суши и постои мала можност
за пропаѓање на растението поради преголема влага. Во пластичните
саксии земјата ја губи влагата само на површина, па поради тоа многу
одгледувачи ја користи вакви саксии. Тие се лесни и на нив не се
создаваат алги поради глаткоста на површината.
Кактусите се пресадуваат секоја трета или четврта година, после нивното прецветување. Притоа, земјата за кактусите треба да биде лесна и растресита со 15% речен песок и малку прашина од дрвен јаглен.
Кактусите се размножуваат со семе, резници или изданоци.
Семето се сее во мешавина која се состои од ¾ речен песок и ¼ изгниени лисја. Мешавината пред сеењето треба да се навлажни. Семето треба полека да се втисне и да се прекрие со стакло или со проѕирна пластика, па така да се држи на температура од 25 - 30°C. Кога ќе никнат младите изданоци, стаклото се тргнува. После три месеци растенијата се расадуваат во мали садови.
Размножувањето со резници се одвива напролет или во рано лето. Со остар рез резницата се одвојува од матичното растение. Резот се посипува со прашина од дрвен јаглен за да не дојде до трулење на резницата, и се остава неколку дена (до една недела) да се подзасуши. Потоа се засадува во влажен песок за да пушти жили, по што се пресадува во мал сад.

Дифенбахија (лат. Diffenbachia)
Ова растение не се препорачува да го чувате во просторија каде има
деца. Неговиот сок е отровен, и ако бидете во допир со него може да
дојде до непријатен оток и црвенило на кожата. Затоа внимателно! Кога
ќе одрежувате листови или ќе го пресадувате, користете ракавици.
Дифенбахијата има големи зелени листови со жолти шари во многу комбинации. Расте брзо, па мора да и овозможите доволно простор за растење.
Поставете ја на светло место. Нема некое одредено време во годината кога изразено расте, па кога ќе видите дека има нови, млади листови,
прихранете ја и малку повеќе полевајте ја.
Повремено оросувајте ја, а полевајте ја секој втор, трет ден во лето, а во зима еднаш седмично. Ако и пожолтат листовите, премногу ја залевате.
Кога ќе остари, долните листови умираат и тоа не може да го спречите. Кога ќе стане неубава и нестабилна, едноставно одрежете ја на околу 10 см над земјата, над местото од каде растеле листовите. Таа ќе пушти млади листови. Делот што сте го отсекле не го фрлајте, бидејќи може да послужи за размножување. Одрежете го на делови долги 7-8 см и посадете ги во земја. Внимавајте само делот кој растел кон земјата, сега да го забодете во земја.

Бегонијата – еден од најатрактивните цветови
Најубава и најатрактивна меѓу многубројните видови цвеќе во нашите градини е BEGONIA
TUBERHYBRIDA. Таа настанала со вкрстување на повеќе видови кои
потекнуваат од Боливија и Перу. Се одгледува најчесто поради крупните и
многу убави дупли цветови во повеќе бои: бели, црвени, розови, жолти,
портокалови, како и разни нијанси на овие бои. Инаку, во зависност од
видот, цветовите се со различни големини и облици, а листовите се
големи, со неправилен облик и светлозелена до темнозелена боја. За
ниски бегонии се сметаат оние кои достигнуваат висина од 20 до 30 см, а
пречникот на цветовите е помеѓу 4 и 6 см. Средната бегонија е со висина
од 25 до 30 см и пречник на цветови од 6 до 8 см, додека големата,
begonia tuberhybrida grandiflora, достигнува висина од 40 до 60 см, па
и повеќе, а цветовите имаат пречник од 8 до 16 см. Освен овој вид, се
одгледува и begonia forma pendula (висечка бегонија) која е со поситни,
но побројни цветови.
На бегонијата најмногу и одговара место
заштитено од директно влијание на сонцето, но со многу светлина. Таа
сака обилно полевање, но водата не смее да се задржува во садот.
Раскошно цвета во текот на целото лето, па дури и во есен, ако се
полева на секои 14 дена со минерално ѓубриво.
Ако бегонијата се одгледува во затворен
простор, се случува да и паѓаат листовите и цветовите. Причина за
ваквата појава е недостаток на свеж воздух или недоволно светлина. Ова
растение не сака преместување од едно на друго место. Не треба да се
чува на јужната страна на балкон или прозорец – повеќе и одговара
источната страна.
При крајот на есента треба постепено да
се намали полевањето на бегонијата така што храната од листовите
преминува во луковицата. Кога ќе почнат да жолтеат листовите треба да
се отсече горниот дел, а луковиците да се стават во картонска кутија
наполнета со тресет и да се чуваат на темен простор на температура не
пониска од 8oC. На почетокот на февруари може да се посадат
во саксии и да се одгледуваат во затворен простор до крајот на април, а
потоа да се извадат на балкон, тераса или во двор.
Бегонијата е само едно од многубројните
видови растенија кои ни ги разубавуваат градините и терасите, а за да
ја задржиме нејзината убавина и долготрајност, треба добро да се
грижиме за неа, посебно во жешките летни денови.
Бисерен ѓердан (lat. Senecio rowleyanus)
Ова е многу интересен сукулент - ползавец. Ливчињата на ова растение личат на низа
нанижани бисери, а потекнува од југозападна Африка.
Лесно се одгледува ако се придржувате на основните правила за одгледување на сукуленти, а тоа е минимално залевање со вода бидејќи овие растенија се создадени за суша. Подобро е премалку отколку премногу вода, бидејќи од кога ќе почне да гние, тешко ќе го спасите. Додека е во период на раст и го чувате надвор, залевајте го еднаш седмично и никако не дозволувајте да остане вода во подлошката. Во зима кога е внатре, залевајте го на секои 15 дена.
Во период кога се температурите над 5°С и во текот на целото лето чувајте го надвор, но избегнувајте го директното пладневно сонце. Во текот на зимата ставете го во просторија која не е многу затоплена и нека биде на изложено на светлина.
Се размножува едноставно со легнати гранчиња. Покрај саксијата со постојното растението ставете ја саксијата во која сакате да посадите ново растение, полегнете неколку гранчиња со ливчиња врз земјата и покријте ги ливчињата со малку земја. Полејте го со вода, и за 7-10 дена ќе пушти коренчиња. Кога ќе почне да растат нови ливчиња, едноставно одрежете го од матичното растение. Исто така може да земете резница од 5-6 cm, положете ја на земја, и дел од стеблото и ливче прекријте ги со малку земја. Набрзо ќе закорени. Најдобро е да користите земја за кактуси.
Има мал корен, па повеќе ќе му одговараат плитки саксии, во пречник 12-15 cm, а идеално би било да е саксијата висечка. Пресадете го дури кога целосно ќе ја прекрие целата саксија.
Кога му годат условите кои сте му ги овозможиле, покрај топчестите ливчиња ќе се појават и мали, бели цветчиња.
Пожелно е да го чувате надвор од досегот на деца и куќните љубимци, бидејќи сокот кој се наоѓа во ливчињата е отровен.

Амарилис (лат. Hippeastrum)
Ова прекрасно луковичесто растение потекнува од тропските предели на
Америка. Од луковицата расте шупливо стебло, на кое се ѕвонестите цветови
во бела, портокалова, разни нијанси на црвена боја и прошарани. Имаат и
долги сабјести листови.
Додека расте, треба да го чувате на светло и топло место. Сака влага, па залевајте го секои 2-3 дена, но најдобро е да го пипнете земјата, па ако има потреба да го залеете. Во овој период прихранувајте го на секои 14 дена, се додека не процвета.
Кога цветот ќе овене, одрежете го. Листовите оставете ги до есен бидејќи преку нив растението ќе собере храна за следната пролет. Потребно е и поретко да го залевате. Кога листовите целосно ќе овенат, престанете со залевање и чувајте ја луковицата сува околу 10 седмици. Потоа почнете да го залевате, со што ќе ја разбудите луковицата и ќе ја поттикнете да цвета.
Во топлите краеви може да се чува и надвор, само не го залевајте во зима, бидејќи на ниски температури луковицата може да замрзне. Ако го чувате во домот во текот на зимата, во периодот на мирување треба да биде во ладна, незагреана просторија. Пресадувајте го секоја втора или трета година во поголема саксија.
Ако одлучите да ги одрежете цветовите и да ги ставите во вазна, пред да ги ставите во вода одрежете го стеблото попречно со остар нож. Водата мора да ја менувате секојдневно бидејќи стеблото лачи слуз.

Saturday, November 24, 2012
10 ПРЕУБАВИ, НО СМРТОНОСНИ ЦВЕЌИЊА
1. Aconitum -нарекувано уште ѓаволов шлем, сина ракета, јадалче, е цвеќе, расте на северната хемисвера
2. Atropa belladonna - Покрај латинското, ова растение е познато и како ѓаволски бобинки, смртни цреши, глуво доба од ноќта и уште некои. Расте во Европа, Северна Африка и Западна Азија. Сите делови од цветот се отровни.
3. Conium - Ова растение расте претеѓно во Европа и јуѓна Африка. Алкалоидот кој го има и е токсичен е хемиски по многу сличен на никотинот, само моментално смртоносен.
3. Conium - Ова растение расте претеѓно во Европа и јуѓна Африка. Алкалоидот кој го има и е токсичен е хемиски по многу сличен на никотинот, само моментално смртоносен.
4. Nerium oleander - Растеније особно карактеристично за секој медитерански двор и куќа. Сите делови на растението се токсични.
5. Datura - Позната и како трубарка, ангелска труба, иако природно распространета низ целиот свет, во некои држави е забранета за садење и одгледување дури и како градинарско цвеќе. Самиот овој факт кажува за тоа колку е отровна, поточно – смртоносна.
6. Digitalis - Кај нас, во народот позната како ѕвончиња, ѕвонарка, вештерски ракавици и т.н. има прекрасни и разновидни бои. Сите делови на растението се отровни, а особено горните делови од цветното стебло. Во умерени, контролирани количини предизвикува халуцинации, но пречекорување на доза може да значи сигурна смрт.
7. Convallaria majalis - Најневино по својот изглед, за општо познатото кокиче, малкумина знаат дека е смртно отровно растение.
8. Opium - Булки, мак, тутенки, се имиња за ова на изглед нежно цвеќе. Голем број на медикаменти се базираат на него, на морфиумот кој го содржи.
9. Brugmansia - Расте на Андите и Јужна Америка и е сродник на ангелската труба. Цветот може да предизвика болки во стомакот и кај луѓе и кај животни, но сепак се злоупотребува во количини кои предизвикуваат халуцинации. Есенцијата на цветот може да предизвика парализа и смрт.
Subscribe to:
Posts (Atom)